
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Мобилните ја оглупавуваат спермата
По ѓаволите. Се чини дека мобилните телефони стануваат се попроблематични. Откако нивното користење беше поврзано со појава на мигрена и на рак, се чини дека радијацијата од мобилните сега ги затапува сперматозоидите.
 Научниците од клиниката во Кливленд поставиле примерок од сперматозоиди во близина на мобилен телефон во употреба. Еден час подоцна кога ја испитале течноста со малите пливачи забележале дека мобилниот телефон создал оксидативен стрес, односно придонел за зголемување на бројот на слободните радикали и оксиданти, како и за значително намалување на антиоксидансите. Народски кажано, мобилниот го намалил квалитетот на спермата преку намалување на подвижноста и отпорноста на сперматозоидите.
Научниците советуваат дека при користење на „Bluetooth headset“ мобилниот да не се поставува на појасот или в џебот на панталоните, затоа што така радијацијата која се ослободува при користење на телефонот директно влијае врз вашата сперма. Останува не јасно дали воопшто е паметно и поздраво наместо в панталони, да го држите мобилниот во џебот на вашата кошула?!
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|