
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Естетски операции на вагината
Во последно време расте бројот на вагиналните естетски операции, како што е операција на усните на вагината и операционите зафати за еластичноста на вагината во Велика Британија, а тоа е тренд и во светски рамки. Малку од жените се свесни за ризикот на кој се изложуваат и сè повеќе од нив се приклучуваат на овој нов тренд за естетски операции.
Некои ги прават овие операции за да го „поправат“ изгледот на вагината после породувањето, а други затоа што мислат дека со естетската операција ќе се чувствуваат поубаво и привлечно.
Овие операции може да бидат ризични поради фактот што скоро сите приватни ординации за естетска хирургија почнаа да ги применуваат, а операционите зафати се уште не се регулирани.
Бројот на оперирани жени се зголемил двојно во последните две-три години, а цената на една операција се движи меѓу 3.700 и 5.600 долари.
 Професорката Линда Кардозо вели дека пред ваков оперативен зафат, жената треба да се консултира со стручното лице за можните последици и да биде свесна за ризикот на кој се изложува.
Таа смета дека операцијата, конкретно онаа за вагиналната мускулатура, треба да биде последна опција затоа што нема голема разлика во ефектот од вежбите наменети за подобрување на тонусот на мускулите и операцијата.
До сега не се покажало дали со ваквите операции се менува некоја од нормалните генитални функции и дали делуваат за подобрување на сексуалниот живот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|