
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Жртви на тестирањата за Даунов синдром
Испитувањата за Даунов синдром предизвикуваат два спонтани абортуса на секој три фетуси кои се тестираат, покажа новото истражување.
Само во Англија и во Велс секоја година на 600.000 жени им се предлага да го направат истражувањето. Тестирањето се врши со ултразвук, но жените за кои се смета дека имаат поголем ризик да носат дете со Даунов синдром обично се ставаат на поинвазивни методи кои со себе го носат ризикот за спонтан абортус.
Новото истражување кое го спроведе меѓународната организација „Down Syndrome Education International“, откри дека со антенаталното тестирање секоја година се откриваат околу 660 случаи на Даунов синдром во Англија и во Велс, но истовремено 400 здрави деца се усмртени во процесот на тестирање.
 Експертот за фетална медицина Кипрос Николаидис, од лондонската „King's College“ болница смета дека „апсолутно е неприфатливо за 600, 700 или 800 фетуси со Даунов синдром да се толерира загубата на 400, повеќе или помалку нормални деца.
„Треба да го подобриме откривањето на фетусите со Даунов синдром кај жените кои сакаат да ги направат испитувањата, и секако да го намалиме бројот на нормалните деца кои умираат поради процесот на пронаоѓање и поставување на дијагнозата“, заклучи Николаидис.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|