
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Антидепресантите штетни за спермата
Честата употреба на антидепресанти може да ја оштети ДНК во спермата и со тоа да ја намали плодноста на мажите, тврдат научниците.
 Истражувањето спроведено врз 35 здрави мажи на кои им е давано paroxetine покажало дека бројот на сперматозоиди со оштетена ДНК од 13,8 пред третманот пораснал на 30,3 отсто и тоа за само четири недели.
Резултатите од истражувањето за спермата со оштетена ДНК укажуваат дека ова е еден од најчестите проблеми за зачнување на дете, особено кај двојките кои се трудат станат родители.
„Кај значителен број на мажи paroxetine може да ја оштети ДНК-та, а со тоа да ја намали и плодноста“, велат Питер Шлегел и Сигдем Тенрикут од медицинскиот центар на Корнел.
Студијата е своевидно продолжение на истражувањето кои истите доктори го спроведоа во 2006 година, а при кое открија дека два различни serotonin-reuptake инхибитори придонеле за значително намалување на плодноста кај двајца мажи.
Антидепресантите се најчесто препишуваните лекови за проблемите со депресија. Ален Паси, професор по андрологија на Шефилд вели дека се зголемениот број на случаи со оштетена ДНК кај спермата бил аларм за научните кругови.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|