
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Нежниот допир подобар и од лек
Топлиот допир кој не е од сексуална природа, може да делува позитивно за намалување на стресот и крвниот притисок, велат истражувачите од Јута.
 Истражувањето спроведено на 34 млади брачни двојки, на возраст меѓу 20 и 39 години, покажа дека со масирање и други нежни допирања се намалува стресот и крвниот притисок, особено кај мажите.
Професорот Џулијан Холт-Лунстад, вели дека студијата имала цел да открие дали зголемениот физички контакт може да ја подобри здравствената состојба.
 Задачата на овие двојки била масирање од 30-тина минути на вратот, рамената и главата, три пати во неделата. Исто така тие имале преносливи мерачи на крвен притисок, кој постојано бил вклучен во период од 24 часа. Тие исто така пополнувале прашалници за тоа колку често се гушкаат, бакнуваат, се држат за рака или си ги искажуваат чувствата на друг начин.
 Резултатите покажале дека со масажата се делувало на анксиозноста и депресијата, како и нежноста кои партнерите си ја искажувале на различни начини исто така делувала за подобра здравствена состојба.
 Се уште не е познато како ова делува на постарите луѓе затоа што кај нив со тек на време се променува нивото на хормоните и поради земањето на лекарства, се менуваат биолошките функции на организмот. Во секој случај не штети доколку брачните двојки си ги изразуваат своите чувства со гушкање и милување, бидејќи на тој начин покрај здравјето ја подобруваат и својата интима.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|