среда, 05.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Медицина

Медицински феномен: Три дена гледа, три дена не гледа

Лекарите во Австралија се соочиле со медицински феномен, затоа што една пациентка од Мелбурн три дена гледа нормално, а потоа наредните три дена воопшто не може да ги отвори очите.

“Таа е навистина единствен случај и не можеме да дадеме никаква дијагноза“, изјавил Џастин Деј од Очната болница Ријал Викторија. Дваесет и едногодишната Натали Адлер изјавила дека со тој феномен живее од својата седумнаесетта година.

“Очите ми се три дена затворени, а потоа три дена отворени. Некогаш тоа ми се случува во текот на вечерта, ќе легнам со нормален вид, а утрото не можам да ги отворам очите“ рекла Натали.

Лекарите две години ја лечеле со ботокс и некое време можела да гледа и по пет-шест дена, но терапијата престанала да делува. Натали до сега минала низ бројни медицински тестови, а нејзиниот живот драстично се променил додека одела во средно училиште.

“Една недела се пробудив и очите ми беа потечени, лекарите тогаш ми рекоа дека очите ми се потечени поради бактериска инфекција на синусите“, изјавила Натали.

Натали рекла дека после ова никогаш не го повратила нормалниот вид, а нејзините очи почнале да се затвараат сосема неочекувано.




Наjновo од Здравје
Целерот непресушен извор на здравје
Како стресот на работа влијае врз здравјето на човекот
Ботоксот продира до мозокот
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
И направиле јазик од ногата
Големината важна и за жените
Со мирис на ванила против гладот
Ќе се изготви карта на мозокот
Го препознава само гласот на Шон Конери?!
Големиот нос му го спасил животот
Промената на времето ризична за срцето
Бизнис со сурогат мајки
Премногу грд за да биде вработен
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи