Човекот-дрво заздравува

Индонезисјкиот рибар Дид, алијас „човек дрво“, чија трагична животна приказна минатата година го шокира целиот свет, полека закрепнува и е на пат да стане „нормален“ човек.
Експертите утврдија дека 36-годишниот Дид боледува од Human Papiloma вирусот. Поради лошиот имунолошки систем вирусот придонел за појава на израстоци по целото тело на несреќниот рибар, правејќи го да изгледа како дрво!
Дид ги изненади и збуни медицинските експерти од целиот свет кога од неговите раце и нозе почнаа да растат корења. По целото тело, вклучувајќи го и лицето, Дид имаше некој вид на лишаи.

Благодарение на деветмесечниот третман на американскиот дерматолог Ентони Гаспари, како и на неколкуте оперативни зафати, несреќниот Индонезиец полека заздравува.
„Порано не можев ни кошула да облечам, сега можам. Тоа е волшебно“, вели несреќниот Дид.
|