Вирусот СИДА стар еден век
Вирусот ХИВ циркулира помеѓу луѓето околу 100 години, подолго отколку што мислеа научниците, вели една нова студија. Досега, научниците го предвидeле изворот кој датира од 1930 година.
ХИВ вирусот не бил препознаат формално се до 1981, кога го привлекол вниманието на јавноста во САД. ,,Новиот резултат не е величествена работа, но значи дека вирусот е веќе присутен помеѓу нас, подолго отколку што знаевме″, вели Мајкал Воробеи од Универзитетот во Аризона, автор на новата студија.
Истражувачите неодамна забележале дека пресметаните датуми не им се совпаѓале со истражувањето низ градовите во Африка, и тие предложиле урбана еволуција на самиот вирус.
Научниците велат дека ХИВ потекнува од шимпанзата кои имале вирус, и од нив преминал на луѓето во Африка, најверојатно кога луѓето ги убивалешимпанзата со остри предмети. Многу индивидуи најверојатно биле инфицирани од нивната крв. Зголемувањето на Африканските градови допринесле до прираст на бројот на населението. Затоа Воробеи вели дека големите градовите се идеални за вируси како ХИВ и има поголеми шанси за лесно инфицирање на луѓето. Клучот на новата работа е откритието на ХИВ примерок кој е земен од жена во Киншаса во 1960 година. Тоа бил втор примерок кој бил најден пред 1976 година. Првиот исто така бил од Киншаса и датирал од 1959 година.
Истражувачите го знаеле фактот дека ХИВ вирусот се менувал доста брзо. Двата вида од заеднички предци за брзо време станувале се помалку слични во нивниот генетски материјал. Тоа ги натерало научниците ,,да го свртат часовникот наназад″ и да пресметаат колку време е потребно видот на вирусот да стане различен од тоа што треба да биде. =
Новите истражувања користат генетски податоци од два стари примерока на ХИВ, плус 100 модерни примероци, за да креираат семејно дрво почнувајќи од најстариот заеднички предок. Периодот помеѓу 1884-1924 се смета како период на појава на вирусот и е најверодостоен.
Експертите велат дека не се изненадени што ХИВ циркулира помеѓу луѓето 70 години пред неговото препознавање. На инфекцијата и е вообичаено потребно неколку години за да произведе воочливи симптоми, а тоа задоцнување може да ја маскира улогата на вирусот, и може да инфицира релативно многу луѓе од причини што брзо се шири, велат тие.

|