Трудна сум – што сега?
Дали сте се нашле во ситуација да не знаете што да направите?
Непланираната бременост е многу тешка и комплицирана ситуација за секоја жена што ќе се најде во неа (но и за партнерот). Одлуката за тоа што ќе направите мора да биде брза и секако правилна, затоа што само на тој начин можете да ги оставите сите врати отворени пред вас. Брза и правилна одлука е важна затоа што постепените постапки можат да остават психички и физички последици. Добро би ви дошло разговор со , психолог, можеби со жени кои биле во слична ситуација како вашата, партнерот...
Одгледувањето на дете не е лесна работа. Бара многу жртви, финансии и многу трпение. Од друга страна тоа мало суштество во животот ја носи најголемата среќа, која сигурно нема да ја менувате за ништо на светот. Секако за тоа можат да зборуваат само луѓе кои имаат деца.
Вие на почетокот можете да си ги поставите долунаведените прашања, кои ќе ви помогнат да дознаете дали сте спремни да се соочите со родителството или не:
Дали сте спремни да имате дете и одговорно да се грижите за него?
- Каква улога во вашиот живот ќе игра таткото на вашето дете
Дали сте финансиски подготвени? Каде ќе живеете?
Кои ви се можностите за помош?
Што ќе значи мајчинството за вашето образование и кариера?
Да се одрече од детето, за трудницата е многу тешка одлука, како и за нејзиниот партнер. Ако се одлучите за давање на детето на посвојување, веројатно вашиот лекар ќе ве упати во социјалната служба, која ќе ве советува што понатаму
Советувањето ќе се темели на тоа дали сте навистина сигурни во одлуката и дали сте свесни дека со посвојувањето го губите правото на своето дете. Социјалните служби ќе ве уверуваат дека ќе бара добра, примерна фамилија која ќе се грижи за детето беспрекорно.
Пред да се одлучите да го дадете детето на посвојување, можете да изберете фамилија која ви одговара, или пак своите желби и барања да ги пренесете на социјалната служба, која ќе одлучува место вас. Детето може да стапи во контакт со својата биолошка мајка после 18-тата година, во зависност од законските регулатива во државата
Пред да се одлучите на абортус мора навистина да бидете сигурни во тоа што ќе го направите. Без разлика на тоа во каква ситуација се наоѓате моментално и каква е вашата криза, мора да бидете свесни дека после абортусот можат да останат последици, физички или психички, а во краен случај може да значи дека повеќе нема да можете да имате деца.
Земјите во Европа имаат различни закони за абортуси. Некои го дозволуваат само во посебни случаи, додека други воопшто не го дозволуваат.
Советувалиштето во гинеколошката клиника не е само советувалиште. Овде се запознавате со одвивањето на процесот и можните последици од абортусот.

Исто така ве насочуваат да размислите за одлуката за задржување на вашето дете, за правата кои ги имате како мајка и значењето на детето во вашиот живот. Затоа пред донесување на конечна одлука, во некои земји, поминувате низ служба за советување , или разговарате со социјални работници, кои со своето богато искуство, можат да ви помогнат при донесување на одлука.
Вашата одлука е последна!
|