петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Deutsche Welle
Здравје / Медицина

Ќе заборавиме ли на Алцхајмеровата болест?

Германските научници успејаа да го сопрат развојот на Алцхајмеровата болест кај експерименталните глувци. Како го постигнаа ова и дали истиот метод може да се употреби и кај луѓето?

Со помош на еден нов, експериментален активен агенс, германските научници успејаа да го сопрат развојот на Алцхајмеровата болест кај лабораториските глувци. Во 80% од случаите, средството го спречило вообичаеното таложење на белковини во мозокот, што се смета за главен причинител за болеста. Меѓутоа, дали средството може да се искористи и за создавање лек за луѓето, останува да се докаже во наредниве неколку години, откако ќе се спроведат подетални анализи.

Алцхајмеровата болест настанува кога одреден вид на белковини почнуваат да се таложат врз мозочните клетки. Истражувачите од фирмата „Пробиодраг“ открија еден ензим во мозокот на експерименталните животни, што, всушност, е одговорен за таложењето на белковините. Со помош на експерименталниот агенс, научниците успеале да го „блокираат“ овој ензим и на тој начин драстично се намалило создавањето на белковински талози во мозокот.

Научниците во ова откритие гледаат можно решение во борбата против Алцхајмеровата деменција, болест од која само во Германија страдаат 600.000, претежно постари лица. Сега засега, се` уште не е испитано кои придружни ефекти би можел да ги има новиот лек, иако експерименталните животни без проблем го поднесувале 10 месеци. Освен подобрена функционалност на мозокот, не покажале никакви други промени.



Наjновo од Здравје
Мајчиното млеко здраво се одразува во адолесценција
Медитеранската храна спречува рак на желудник
Секој петти тинејџер со оштетен слух
Органските јагоди имаат повеќе витамин Ц
Со умерено пиење до подолг живот
Некои диети не влијаат врз килограмите
Шопингот е здрав, особено во време кога има голема распродажба
Тежината и нездравите животни навики причина за депресија
Тајната на долговечноста е на островот Сардинија
Ракот на дојката може да се спречи
Како до поголема заштита од кариес
ХИВ вирусот може да се скрие во мозокот
Алергиите се поврзани со срцевите болести
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи