Новороденчињата имаат ризик за рак на дојка
Девојчињата кои се родиле со голема тежина, во поодминатите години имаат поголем ризик за рак на дојка, објавуват британските научници.
Анализа на 32 студии спроведени на повеќе од шестотини жени го дава најуверливиот доказ дека тоа е така. Екипа стручњаци од лондонска школа за хигиена и тропска медицина, објавиле дека тежината на новороденчето во 5% од случаите е во врска со рак на дојката во поодминатите години. Според една теорија, детето во матката е изложено на поголема количина на естероген и други хормони. Податоците кои ги анализирала професорката Изабел дос Сантос Силва, покажуваат дека тежината кај новороденчињата и опсегот кај главата се поврзани со ризикот од појава на рак на дојка. Жените родени со повеќе од 51см имаат 1,5% поголем ризик да добијат рак на дојката, во однос на жените кои имаале помала висина од 49 см.
Затоа е најдобро овие жените да ја одржуват својата здравствена телесна тежина и да се хранат умерено.
|