
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Аналгетиците штитат од рак на дојка
Редовната употреба на вообичаените аналгетици, како што се аспиринот и ибупрофенот го намалуваат ризикот од рак на дојка, покажа новото истражување со кое беа опфатени 2,7 милиони жени.
Студијата објавена во „Journal of the National Cancer Institute“ покажа дека аспиринот го намалува ризикот од овој тип на рак за 13 отсто, додека ибупрофенот за 20 отсто.
Научните сепак предупредуваат дека долгорочната употреба на аналгетици може да создаде сериозни проблеми.
Досега направени се повеќе испитувања за влијанието на аналгетиците врз ракот. Последното истражување е преглед на 38 од овие релијабилни испитувања, во кое се комбинираат резултатите од претходните се со цел да се добие една појасна слика.
Аспиринот и ибупрофенот се нестеролски анти-инфламаторски лекови. Се чини дека нивната способност да влијаат врз воспалителните процеси е клучна за борбата против ракот.
Научниците сметаат дека двете хемикалии COX1 и COX2, кои ги продуцира телото и кои го потпомагаат создавањето на воспалението, имаат важна улога во развојот на ракот. Овие хемикалии делуваат врз клеточната делба, изумирањето на клетките, врз создавањето на нови крвни садови кои ќе ги хранат туморите, како и врз тоа како ќе реагира имуниот систем на телото.
 Се чини дека овие нестеролски анти-инфламаторски лекови ги инхибираат овие хемикалии. Жените кои често земаат аспирин или ибупрофен имаат за 12 отсто помали шанси да добијат рак на дојка, во споредба со оние кои не ги земаат овие лекови.
Предводникот на истражувањето, доктор Мајар Ерминан, од „University of British Columbia“, вели дека резултатите се охрабрувачки и оти би можеле да помогнат за откривање на потеклото на ракот на дојка. Сепак, Ерминан предупреди дека жените не смеат да ги присвојат аналгетиците како дел од нивниот начин на борба против оваа болест.
„Не гои препорачуваме рутинското користење на нестеролски анти-инфламаторски лекови се додека не се направат поопсежни и подетални истражувања“, изјави др. Ерминан.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Медицина |
|
|
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|