петок, 10.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Здравје / Медицина

Збогум на елефантитисот до 2020

До крајот на 2020 година научниците ќе им стават крај на маките на над стотици милиони луѓето кои боледуваат од болната и дегенеративната болест елефантитис, тврдат експертите.

Lymphatic filariasis (LF), позната како елефантитис е предизвикана од паразитски црв кој предизвикува абнормално отекување на екстремитетите, градите и гениталиите.

Од почетокот на новиот милениум светската организација започна акција за борба против оваа болест. Досега по закрилата на оваа акција се дадоа 1,9 милијади дози од лекот против оваа болест. Кон акцијата се вклучија и фармацевтските куќи кои бесплатно го нудеа лекот.

Проектот, наречен „Глобална програма за елиминација на LF“ досега спречило заболување на околу 6,6 милиони деца, а успеало да спречи напредување на болеста кај околу 9,5 милиони лица кои боледуваат од елефантитис.

„Глобална програма за елиминација на LF“ е најбрзо распространетата програма во историјата на јавното здравство.

Др. Мвеле Малекела, кој раководи со проектот ели дека се на добар пат да ја постигнат целта, елиминирање на болеста до 2020 година.

„Кога ќе ја постигнеме целта, таа ќе биде главниот предмет на проучување за тоа како да се раководи со глобална програма за елиминација на болест. Во 83 земји од светот оваа болест има епидемиски размери. Програмата засега е спроведена во 48 од нив, односно со неа досега се опфатени повеќе од 570 милиони луѓе“, вели Малекела.

Според податоците на СЗО, една петина од светската популација, поточно 1,3 милијарди луѓе се изложени на ризикот од LF.

Третирањето на болеста се состои од комбинација од два лека, кои се донирани од GlaxoSmithKline и Merck and Co.

Лековите се примаат еднаш годишно во период од пет години, се со цел да се спречи напредувањето и проширувањето на болеста.



Наjновo од Здравје
Збогум на елефантитисот до 2020
Лошите одлуки на празниот стомак
Аналгетиците штитат од рак на дојка
Инфицираните непца штетни за срцето
Со здрава исхрана против генетските болести
Загадениот воздух го воспалува слепото црево
Пренасочувањето на погледот ги лекува проблемите со исхраната
Неверството е смртоносно?!
Новороденчињата имаат ризик за рак на дојка
Ќе заборавиме ли на Алцхајмеровата болест?
Трудна сум – што сега?
Вирусот СИДА стар еден век
Фармацијата го откри земјоделството
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи