
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Го препознава само гласот на Шон Конери?!
Британка не може да препознае ниту еден глас освен на ѕвездата на 007, сер Шок Конери, јавија британските медиуми.
Жената, чие име не се открива, е прв случај на оваа ретка медицинска појава. Таа не може да препознае кој и зборува на телефон или пак на радио, затоа најчесто избегнува да одговара на телефонските повици бидејќи не може да го препознае ниту гласот на нејзината ќерка. Нејзините роднини, пријатели и колеги мораат да користат различни верзии на нејзиното име за таа да може да ги препознае.
При тестирањата, Британката не успеала да ги препознае добро познатите гласови на Дејвид Бекам, Маргарет Тачер. Иако можеби изгледа бизарно, но единствениот глас кој средовечната Британка успеала да го препознае е гласот на Шон Конери од филмот Доктор Но.
„Доколку не можете да ги препознаете фаците на луѓето, тоа може да ви го отежне вклопувањето во општеството, кое води кон појава на постојана анксиозност. Сепак во секојдневниот живот исто така се потпираме и на препознавањето на гласот при идентификување на луѓето“, вели доктор Бред Дучејн, од лондонскиот универзитет, додавајќи дека лицето К.Х е родено со медицинска појава позната како фоноагносија.
Досега се сметаше дека оваа појава е можна само кај лица кои имале мозочен удар, кој предизвикал оштетување на центарот за препознавање на звуци и гласови.
Шеесетгодишната К.Х, успеала да научи како да се справи со нејзиниот проблем и како да стане успешна бизнис жена.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|