
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
На пушачите им е забрането да посвојуваат деца
Советот на општина Редбриџ е прв на територијата на Лондон кој донел одлука пушачите повеќе да не можат да посвојуваат деца поради штетното влијание на пасивното пушење.
Советот на општината Редбриџ се согласил на пушачите да им забрани посвојување на деца, освен под посебни околности. Претставниците на општината во северноисточен Лондон објасниле дека таа одлука која ќе стапи на сила во 2010 година е донесена за да децата се заштитат од влијанието на пасивното пушење. Другите совети ширум Велика Британија вовеле слични мерки кога се во прашање многу мали деца но забраната на Редбриџ се смета за најстрога.
“Знаеме дека ова прашање е многу чувствително, бидејќи некои тоа ќе го доживеат како загрозување на личната слобода. Но ние исто така сме свесни дека пушењето го зголемува ризикот од појава на сериозни болести во детството“ истакнал одборникот Мајкл Страк.
Советот посочил научни докази дека пасивното пушење предизвикува рак на градите и заболување на дишните органи за време на детството. Новите правила детално ќе им бидат објаснети на пушачите а и ќе им биде пружена помош при одвикнување од пушењето.
Хуманитарните организации кои за занимаваат со посвојување сметаат дека ниту едно дете помладо од пет години не би требало да се даде на старател кој пуши.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|