Како да се надмине психичката зависност од никотинот Тешко е да се остават цигарите
Психичката зависност кај пушачите се јавува како неспособност на лицето својата психичка напнатост да ја контролира без никотин. – Покрај исклучително силната никотинска зависност, серозен проблем е и апстиненцијалниот синдром кој се развива веднаш по престанување со пушењето

Според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО), психоактивна супстанца е секоја супстанца која внесена во организмот може да модифицира една или повеќе функции.
Тоа се супстанции или смеси на супстанции кои делуваат на централниот нервен систем (мозокот) и предизвикуваат промени во доживувањето или однесувањето, а со нивното ограничено користење се појавуваат група разни симптоми кои се дефинираат како „симптоми на апстиненцијална криза“ т.е. апстиненцијален синдром.
Зависноста од цигарите е призната како болест во Меѓународната класификација на болести во СЗО и Американското психијатриско здружение за дијагностика и статистика.
Невозможно е пушачите да ги остават цигарите без потешкотии, па иако сакаат тоа да го направат и знаат дека е тоа витално за заштита на нивното здравје и здравјето на нивните најблиски во околината.
Се јавуваат потешкотии затоа што постои тутунска зависност, а никотинот е супстанца која во тутунот предизвикува зависност која настанува благодарение на дејството на никотинот на никотинските рецептори во централниот нервен систем.
Ефектите на никотинот на централниот нервен систем се појавуваат или дејствуваат на ист начин како и дрогата, како што хероинот или кокаинот кои предизвикуваат модификација на некои телесни функции и може да ги забрза менталните процеси, предизвикува вистинска анксиозност, го подобруваат физичкото функционирање и создаваат пријатно чувство.
Сите тие симптоми кај пушачите ги тераат да пушат повторно и се почесто, а со оглед дека никотинот бргу се разградува и троши, пушачот е принуден повторно да пуши за да ги задоволи своите потреби на одредени нервни центри.
Што се однесува до штетните материјали на цигарите и чадот, освен никотинот, кој е фармаколошки активен и јаглерод моноксидот и катранот, цигарите содржат и повеќе стотици иритантни и канцерогени материјали, а психичката зависност е доминантна кај овој вид на зависност.
Меѓутоа, сите експерти се согласуваат дека пушењето е една од најсилните зависности, се наоѓа веднаш на неславното второ место после хероинската зависност.
Според мислењето на експертите, пушачот се квалификува како „зависник“ кога има потреба за цигара без оглед на ситуацијата, кога однесувањето е условено со никотинот, кога не може да одолее на пушењето, дури и кога знае дека тоа предизвикува болести.
Психичката зависност е состојба во која (дрогата) никотинот предизвикува чувство на задоволство и психички нагон за привремено или трајно земање за да се предизвика задоволство или да се оттргне непријатноста.
Психичка зависност кај пушачите се јавува како неспособност на поединецот психичката напнатост да ја контролира без никотин, така што оваа зависност постепено станува рутински начин на однесување кој полека носи пријатно расположение, а со време се создава и условен рефлекс на определено уживање, така цигарите постепено влегуваат во животот на човекот со кафе, во текот на одморот, по јадење, по секс, со алкохол, во друштво, за време на телефонирање, за време на дотерување, на слави, во текот на стрес, тага и уште многу моменти во животот.
Со исклучително силната никотинска зависност, сериозен проблем е и апстиненцијалниот синдром кој се развива веднаш по престанување со пушењето.
Кризата која почнува веќе по два часа може да трае и до шест месеци, а пушачот е соочен со желба за цигара, има променливо расположение, вознемирен е со знаци на анксиозност и депресивни реакции.
Исто така успорена е работата на срцето, концентрацијата е пониска, успорен е метаболизмот и се јавува чувство на постојан глад.
Она што го олеснува процесот на одвикнување и ја ублажува апстиненцијалната криза, предизвикана со скратувањето на никотинот од цигарите, се средствата за замена на никотинот, меѓу кои спаѓаат гумите за џвакање, фластерите и слично.
Експертите укажуваат дека без нечија помош само еден од тројца пушачи се обидуваат да ги остават цигарите, а истражувањата покажале дека само 30 отсто пушачи успеваат да издржат два дена без цигари.
Без стручна помош, само три отсто се излекуваат од прв пат, половината успеваат во својата намера, но во пет до седум обиди во рок од пет до десет години.
|