
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Колабирал играјќи на компјутер
Едно 15-годишно момче од шведскиот град Халанд колабирало викендов и е пренесено во болница по непрекинато играње компјутерски игри повеќе од 24 часа, јави шведската телевизија СВТ.
Тинејџерот колабирал откако добил напади на грчеви и конвулзии и бил подложен на терапија со инфузија.
Петнаестгодишникот и неговите другари почнале да играат компјутерски игри во саботата и продолжиле цела ноќ. Во неделата попладне момчето доживеало колапс.
По овој најнов случај на сериозни последици поради претерано седење пред компјутери, шведски психолози повторно истапија со предупредувања во однос на целосната обземеност од која можат да бидат погодени младите при неконтролирано играње компјутерски игри
|
|
|
 |
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Медицина |
|
|
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|