
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Четири начини да го намалите крвниот притисок
Зголемениот крвен притисок или хипертензијата е најчеста кардиоваскуларна болест во повеќето земји и претставува еден од најголемите здравствени проблеми.
Станува збор за тивка, подмолна болест која денеска ги загрозува не само возрасните, туку и децата: Таа честопати случајно се открива, откако ќе предизвика оштетување на срцето, мозокот, бубрезите, очите и крвните садови. Затоа е неопходно да знаете кои се природните и здравите начини за намалување на крвниот притисок и за зачувување на целокупното здравје на организмот.
Вежби за дишење
 Овие вежби се една од најпопуларните методи за ублажување на стресот, бидејќи може да се практикуваат буквално било каде, па дури и кога ќе се најдете во конфликт со друго лице. Со оглед на фактот дека овде фокусот е на дишењето, сосема е логично дека вежбите за дишење можат да им помогнат на лицата кои страдаат од висок притисок.
Терапија со музика
 Веќе одамна е познато дека музиката го „лечи“ стресот, бидејќи меѓу другото, го смирува телото и умот. Терапијата со музика се користи и во здравствените институции, пред се за да им се олеснат болките на пациентите и за да се забрза нивното заздравување.
Слушањето музика може да ги забрзаат или забават физиолошките процеси. Откриено е дека мошне успешно го снижува крвниот притисок, кој го зголемува ризикот од заболување од ангина пекторис, срцев инфаркт, артериосклероза, мозочен удар, оштетување на бубрезите, слепило и други заболувања.
Пилатес
 Овој вид на вежби се одлични за телото, умот и секако за крвниот притисок. Дури и доколку не сте премногу еластични, не грижете се. Постојат различни нивоа. Сигурно ќе можете да пронајдете вежби кои совршено ќе ви одговараат и кои секако ќе ви го подобрат здравјето.
Медитација
 Медитацијата е особено делотворно средство за ублажување на стресот. Една од главните предности на медитацијата е токму снижувањето на крвниот притисок. Доколку ви се чини дека медитацијата е преголем предизвик за вас, имајте на ум дека постојат различни видови на медитација. Некои од нив имаат лесни и едноставни стратегии, токму за почетници.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Медицина |
|
|
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|