недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Deutsche Welle
Здравје / Медицина

Нов лек против сида ?

Се проценува дека во светот, со ХИВ вирусот, се заразени 33 милиони луѓе. Германски и американски експерти испитуваат лек кој не ги напаѓа директно вирусите во клетката, туку оние кои се’ уште не продреле во неа.

Мал вирус со тешки последици. Станува збор за ХИВ, вирусот што ја предизвикува смртоносната болест сида, а кој најчесто се пренесува со сексуален контакт. Имено, ХИВ се наоѓа во одредени телесни течности. Професор Герд Феткенхојер, заедно со њујоршкиот колега, Рој Кулик од универзитетот Корнел, направи клинички студии за новиот препарат.

„Да го земеме како пример следниов случај: маж заразува жена оти во неговата сперма се наоѓа вирусот. До контактот дошло преку слузокожата на вагината. И таму има одредени клетки во кои може да продре вирусот, тоа се’ уште не е крвта, туку одредени имунолошки клетки и тоа всушност е првиот пат кога вирусот влегува во телото“, вели Феткенхојер.

Со новиот лек вирусот не продира во клетката

Професор Феткенхојер, шеф на одделот за инфективни болести на клиниката при универзитетот во Келн, објаснува како предизвикувачот на сида навлегува во човековото тело: „Тој мора да влезе во човековите клетки, во одредени клетки на имунолошкиот систем – таканаречени помошни клетки. Најнапред се прицврстува на површината на овие клетки, се прилепува за нив, а потоа мора да се вовлече некако, мора да отвори врата. Кога ќе влезе, тој се раствора и тоа на тој начин што неговата наследна супстанца се вградува во наследната супстанца на човековите клетки и во нив понатаму се размножува, така што подоцна од клетката може да излезат многу нови вируси.“

Најголемиот број инфицирани од ХИВ-вирусот се наоѓаат во неразвиените земји

Речиси сите лекови кои досега се користени за лекување од инфекција со ХИВ го напаѓаат вирусот во клетката, што значи дека ја напаѓаат и самата клетка. Лековите кои дејствуваат однадвор помалку ја напаѓаат самата клетка, што значи дека имаат и послаби споредни ефекти. Професор Феткенхојер со останатите научници го откри и тестираше новиот лек.

„Тој го спречува ХИВ-вирусот да продре во клетката. Таканаречените ко-рецептори кои се наоѓаат на клетката, значи надвор од неа, се блокирани. А, кога се тие блокирани, вирусот може да се држи за клетката со ’едната рака’, но тоа не е доволно за да продре во неа.“


Наjновo од Здравје
Со трчање до подолг живот
Со цимет против дијабетес
Четири начини да го намалите крвниот притисок
Тинејџерка преживеала 118 дена без срце
Нов лек против сида ?
Интегративна медицина за добро лекување
Прво пресадување на орган од основни клетки
Колабирал играјќи на компјутер
Поголема половина - поголем ризик од смрт
Со трансплантација на коскена срж излечиле пациент од сида
„Интелигентно апче“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
detsko zdravje
Топ стории за последните 7 дена од
Медицина
Тинејџерка преживеала 118 дена без срце
Прво пресадување на орган од основни клетки
Четири начини да го намалите крвниот притисок
Колабирал играјќи на компјутер
Нов лек против сида ?
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи