Што сè треба да знаете за овулацијата?

Овулацијата е нешто за што секоја жена мора да биде добро информирана. Одлуката пак, да станете родители е една од најголемите и најзначајните одлуки во животот и откако ќе се одлучите на овој чекор, ќе сакате сè да се одвива што е можно полесно. Разбирање на овулацијата и на овулацискиот циклус се едни од основните нешта за кои треба да имате барем основни информации.

Што се случува кога овулирате?

Секој месец телото се подготвува за бременост и секој месец доаѓа до овулација. Поголем број на жените со временски правилен месечен циклус, дисменореја (болни менструации) и предменструални синдроми поминуваат низ овулација. Јајниците секој месец најизменично, исфрлаат во јајцеводите јајце клетка која доаѓа во контакт со сперматозоидите и може да се оплоди. Ако јајце клетката не се оплоди, доаѓа до менструација.

Колку долго трае циклусот?

Секоја жена е поинаква, па така и месечниот циклус е различен кај секоја жена. По правило, циклусот трае 28 дена, но многу здрави жени имаат циклус со нешто подолго или пократко траење. Кај жените со правилен циллус, овулацијата кулминира на 14-тиот ден, сметајќи од првиот ден на претходната менструација. Периодот од почетокот на менструацијата до овулацијата се смета за прва фаза на циклусот (естрогенска фаза, фаза на пролиферација), а од овулацијата до следната менструација е втората циклусна фаза (прогестеронска или секрециска фаза).


Ако не ви трае циклусот точно 28 дена, не грижете се, тоа не значи дека имате проблеми со плодноста. При неправилните циклуси, обично втората фаза е стабилна и трае 14 дена, а првата фаза е скратена, на пример на 9 дена ако е 23-дневен циклусот, или на 19 дена, ако циклусот трае 33 дена. Значи ако вам ви трае циклусот 31 ден, ќе овулирате на 17-тиот. Доколку сакате да останете трудна, шансите во овој случај се видно зголемени од 14-тиот до 17-тиот ден.

Како може да знаете дали ќе овулирате?

Ако добро ги „читате“ знаците на вашето тело и ако добро го познавате својот менструален циклус, би требало да знаете кога би овулирале. Најдобро тоа може да се забележи од секретoт кој во време на овулација содржи најмногу вода (97-98 отсто). После менструацијата во долниот предел ќе се чувствувате „суво“, а после некој ден ќе добиете леплив и белузлав секрет. Како ќе се приближувате до овулацијата, така секретот ќе се променува за да дојде до изразито леплив и на лик на белка од јајце. По правило ова е доста сигурен знак, па бидете внимателни бидејќи тоа значи дека овулирате. Оние девојки кои не сакаат да останат бремени, треба да избегнуваат секс во периодот на најплодните денови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби