сабота, 20.03.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Здравје / Медицина

Непријател на кожата без кој не се може

Со години Сонцето се смета за непријател бидејќи предизвикува оштетување на кожата, прерано стареење, пигментација и го зголемува ризикот од меланома, но сончевите зраци се неопходни за создавање витамин Д, чиј недостаток може да предизвика разни болести.

Се поголем е бројот на научни студии кои укажуваат дека недостатокот на витамин Д е причина за појава на широк спектар болести, како што е настинка, грип, срцеви проблеми, мозочен удар, дијабетес, автоимуни болести, депресија, остеопороза и бројни видови на рак.

Некои студии сугерираат дека витаминот Д би можел да биде причина за појава на аутизам.

Коренот на овие проблеми е во криењето од сонцето. Модерниот начин на живеење во големите градови, се подолгиот престој во затворени простории е причината поради која човековото тело не добива доволна количина сончеви зраци, неопходни за производство на витаминот Д.

Лицата со потемна кожа се во поголема опасност бидејќи меланинот поради кој нивната кожа е потемна ги спречува сончевите зраци да го синтезираат витаминот Д.

Една од студиите покажа дека 76 отсто од средовечните и постарите жените на сонце минуваат помалку од еден час неделно, а виновници за тоа се модерниот начин на живеење и модните трендови.

Докторката Лорен Бремли вели дека 70-80 отсто од нејзините пациенти имаат помало ниво на витамин Д од препорачаното.

Излегувањето само 15 до 20 минути на сонце е доволно за производство на Д витаминот. Лекарите велат дека овој начин на сончање и зголемување на количината на витаминот Д е далеку поздрав отколку надоместувањето во текот на летните денови, кога честопати доаѓа до предозирање. Што може да биде штетна за органите.


Наjновo од Здравје
Седум супер профукти за совршено здравје
Акупунктурата може да пренесе ХИВ и хепатитис Б и Ц?!
Петдневен план за одвикнување од пушењето
Отворена клиника за одвикнување од компјутери
Екстензиите може да предизвикаат ќелавост
Спреј за подобар секс нагон
Дезифекционите гелови не се доволни против заразите!
Шишенца со чист воздух против стрес
Ќелавоста може да биде добра за здравјето!
Импотенцијата е опасен предзнак за срцев удар
Зошто психопатите не чувствуваат страв?
Optic
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи