петок, 12.03.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Deutsche Welle
Здравје / Медицина

Таблети за контрацепција за мажи?!

Таблетите за контрацепција не мора повеќе да ги земаат само жените
Светската здравствена организација (СЗО) моментно тестира контрацепциско средство на хормонална база, наменето за мажи. Tаблетите би можеле да се најдат на пазарот веќе во 2012 година.

Жените со години чекаа на неа, а според истражувачите, таблетата за контрацепција за мажи веќе е на прагот да пристигне. Терминот „таблета за мажи“ се користи често, иако воопшто не станува збор за некаква таблета. Мажите за контрацепција користат средства како инјекции, имплантати и гелови, кои директно се нанесуваат на кожата. Тогаш од каде потребата новиот производ за контрацепција, кој допрва треба да ги освои светските пазари, да биде наречен „таблета за мажи“? Логиката е во тоа што таблетата за контрацепција е нешто како бренд за производ, бидејќи таблетата за жени веќе е позната како таква. За мажите во суштина нема ниеден препарат кој би можел да се зема орално, а да има иста функција како што има таблетата за жени. Како функционира таа „таблета за мажи“, за „Дојче веле“ објаснува Михаел Зицман од Светската здравствена организација.

„При хормоналната контрацепција за мажи природниот тестостерон се применува заедно со гестагенот, еден вид хормонален предок на тестостеронот, и тоа со инјектирање или имплантирање на хормонски препарати. Целта е целосно да се прекине производството на оние хормони, кои поттикнуваат создавање сперма во тестисите“.

Таблетата не го менува изгледот на мажите

При користењето на таблетата се зема онаа доза, која им е потребна на мажи со некое заболување на тестисите. На тие мажи им е потребна одредена количина на тестостерон, за да се избегне изнемоштеност, депресија, остеопороза и слабокрвност. Конкретната мерка е 1000 милиграми, што значи еден грам тестостерон на секои два месеца. Сепак, оваа количина на тестостерон, која се додава, не го менува изгледот на телото на мажот, дополнува Зицман.

„Треба да се внимава на количината хормони. Кога на еден здрав маж ќе му инјектирате точно толку тестостерон, колку и без тоа би го произвело неговото тело, тогаш самиот организам ја намалува сопствената продукција на сперма. Тоа значи дека не доаѓа до никакви промени на хормонскиот баланс. А не се менува ни изгледот на мажите“.

Единствена нус-појава е намалување на тестисите

Таблетата најверојатно ќе биде широко прифатена и од мажите и од жените
Самата идеја за контрацепциска таблета за мажи е веќе одамна позната. Но, прво мораше да се провери како сето тоа воопшто функционира и дали има некакви нус-појави.

„Единствена појава е дека тестисите малку се смалуваат, бидејќи всушност повеќе „не работат“. Но нивната првична големина ќе се врати повторно, штом мажот ќе прекине да ја користи „таблетата“.

Најрано за три или четири години таблетата може да се појави на пазарот

Михаел Зицман објаснува дека користењето на таблетата за широка употреба ќе зависи од оценката на фармацевтската индустрија и дали Светската здравствена организација ќе добие лиценца. Сепак остануваат и други отворени важни прашања:

„Сметам дека студијата на СЗО на оваа тема ќе помине добро, бидејќи нам ни е познато од претходните студии дека тоа функционира. Но, исто така мора да го знаеме одговорот на прашањата: како двојките гледаат на сето тоа? Дали се чувствуваат пријатно со тоа средство? Засега немам одговор на овие прашања, тоа допрва мора да го провериме. Но ако претпоставиме дека се ќе помине в ред, тогаш најрано во 2012, 2013 „таблетата за мажи“ би се нашла на пазарот“.

Фармацевтската индустрија е заинтересирана за производот, бидејќи сите супстанци кои се потребни веќе ги има на пазарот, само сега тие се регистрирани за други цели, па заедно со податоците од СЗО, би требало да се пријават во надлежните институции и за оваа цел. Тогаш индустријата релативно брзо би можела на пазарот да пласира „таблета за мажи“.


Наjновo од Здравје
Пронајден нов лек за холестеролот
Направен алкохол од кој брзо се трезни
Потврдена антиканцерогената лековитост на папајата
Не реагирајте веднаш на навредите
Тинејџери „полудеа“ по „апчиња за интелигенција“
Докажано: Донирањето на бубрег не го скратува животот
На Кинескиња и израснал „ѓаволски“ рог?
Дланките откриваат опасни болести
Сакате машко дете? - Појадувајте!
Бебе родено со опашка
Бесмислените разговори нè прават несреќни
Куќната прашина гнездо на токсини
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи