
|
 |
|
|
Здравје / Медицина
|
|
Збогум на менструалните болки
Новиот електричен апарат против болки, кој испушта слаби струјни бранови би можел засекогаш да ги реши непријатните болки за време на менструацијата, тврдат научниците.
 Веќе одамна при лекување на спортските повреди се користи терапијата базирана на технологија која го користи електромагнетното поле, но научниците тврдат дека истата технологија може да се користи и при лекување менструални болки.
Околу 75 отсто од женската популација во светот страда од поблаги или посилни менструални болки, а една од пет жени имаат ужасни болки кои не ги спречуваат во извршувањето на секојдневните активности.
Симптомите на менструалните болки се различни, а абдоминалната болка, вртоглавицата и дијарејата се само некои од нив. Тоа што со сигурност се знае дека постојат два типа на болки за време на менструацијата или дисменорејата.
 Тоа е примарната дисменореја, која настанува уште при првата менструација и најчесто има функционален карактер. Секундарната дисменореја, која се јавува подоцна во животот, е последица на некоја друга болест во матката, а најчесто е ендомитоза.
Покрај аналгетиците и урамнотежената исхрана, на жените со менструални болки им се препорачува да земаат апчиња за контрацепција кои го регулираат месечниот циклус и ги намалува болките и симптомите на ПМС-от.
Но, научниците тврдат дека со новиот уред наречен Allay, лековите и оралната контрацепциони пасти ќе бидат заборавени. Allay исто како и појасите ќе се носи околу струкот, а него ќе го придружува долната облека.
 Технологијата PEMF (pulsed electromagnetic field therapy) е применета и кај познатиот уред TENS (Transcutaneous Electrical Nerve Stimulatoror) со кој спортистите ги ублажуваат болките при спортски повреди. TENS работи на принцип на испраќање електрични бранови низ телото преку електродите поставени на кожата. На овој начин се блокира патот информацијата за болката се движи до мозокот.
Allay, кој на пазарот ќе се појави во следните шест месеци и тоа по цена од 40 евра, ќе работи на батерии кои можат да издржат 360 часа, што е сосема доволно, бидејќи за три дена најчесто исчезнуваат и менструалните болки.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|