Траумите низ кои поминуваме оставаат траги на нашето лице
Секоја брчка на нашето лице е слика за времето кое сме го поминале. Новата студија откри дека стареењето се случува по фази, а повеќето активностите околу стареењето се поттикнати од тоа што сме го проживеале и траумите кои сме ги претрпеле.

Деветгодишното исцрпно истражување на процесот за стареење било спроведено над 118 жени, а беше претставено викендов во Париз. Студијата која ја спроведе пластичниот хирург Рај Грувер од Лондон, покажува како одредени фактори како што се исхраната, диетата, разводот, како и фрустрациите и нервозите прават „лузни“ на нашето лице.
Главната цел на ова истражување беше да се утврди дали стареењето е постепено или пак се јавува во фази. Тоа покажа дека некои трауми овозможуваат забрзување на тој процес, така да се откри дека стареењето се случува во фази. Испитаните жени имале помеѓу 40 и 45 години, а во текот на изминатите девет години биле следени промените на нивните лица, пишува Daily Mail.

На крајот со помош на брчките научниците утврдиле колку брзо стареат жените во текот на една деценија, а притоа биле земени в предвид сите емоционални случувања на поединците.
Научниците анализирале три дела од лицето: од челото до очите, од долните очни капаци до горните усни и од устата до врвот на брадата.
- Некои работи во својот живот не можат да се избегнат, како што е губењето на работата или разводот, но има и такви кои можат да се избегнат, како што се диетите и брзото губење на килограми, објаснува доктор Грувер.

|