1325. Основан е градот Теночтитлан, престолнина на државата Астека.
1572 Умре хрватскиот писател Петар Хекторовиќ, автор на делото „Рибарење и рибарско приговарање“, едно од најоригиналните дела на ренесансната книжевност. Го преведе и делото „Ремедиа аморис“ на римскиот поет Овидио.
1733 Роден е Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Умре на 6 февруари 1804 година.
1741 Роден е австрискиот цар Јосиф Втори, син на царицата Марија Терезија и нејзин салвадор од 1765 до 1780 година.
1781 Англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел (1738-1822) неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн.
1848 Ден по масовните демонстрации во Виена, падна полициско-апсолутистичкиот режим на канцеларот Клеменс Метерних. Канцеларот побегна во Велика Британија, а на илјадниците гневни виенчани кои се собраа во дворот на царот, Фердинанд Први им вети нов устав.
1860 Во Словенградец е роден Хуго Волф, австриски композитор, претставник на доцниот романтичарски правец. Најголемиот број клавирски композиции ги пишуваше на стихови од познати поети, првенствено од Хајнрих Хајне. Умре во Виена, на 22 февруари 1903 година.
1881 Членовите на тајното терористичко здружение „Народна волја“ го убија рускиот цар Александар Втори Николаевич Романов. Во текот на владеењето, во 1861 година Александар Втори ги ослободи селаните од феудалните обврски, спроведе реформи, го реорганизираше судството, управата и војската, и ја прошири државата со освојување на денешните Киргизија, Трукменија, Узбекистан и делови од Кавказ. Го наследи синот Александар Трети, кој владееше со слични методи.
1890 Во Пловдив умре Иван Генадиев, македонски писател, композитор и општественик. Тој е син на преродбеникот општественик Генадиј, митрополит велешки. Основно училиште заврши во Охрид, а средно училиште во Битола и во Цариград. Потоа студираше филологија на Атинскиот универзитет. Како студент пишуваше поезија и литургиски творби. Во 1859 година објави комедија во стихови, а потоа, во соработка со Григор Прличев и збирката гатанки и песни “Свингс“. Роден е во Охрид, во 1829 година.
1895 Во Њујорк изгоре лабораторијата на пронаоѓачот Никола Тесла со што изчезна огромната научна документација која тој со години ја собираше.
1907 Во Велес е роден Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Беше припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци. Сиот богат творечки живот го вгради во драмското творештво. До крајот на животот живееше од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. Умре во Скопје, на 16 ноември 1995 година.
1928 Пукна браната „Ст. Френсис“ на околу 60 километри северно од Лос Анѓелес при што најмалку 450 луѓе се удавија.
1938 Во Франција социјалистот Леон Блум ја формира владата на Народниот фронт.
1969 Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација.
1972 Велика Британија и Кина се согласија да разменат амбасадори.
1974 Во Загреб умре Мато Ловрак, хрватски писател - раскажувач и романсиер. Автор е на голем број дела, главно за деца, кои се одликуваат со едноставност на раскажувањето и со интересна фабула. Меѓу најзначајните негови дела се „Дружината на Перо Џумката“, „Возот в снег“, „Златниот остров“ и „Пријатели“. Роден е во Велики Крѓевац, кај Бјеловар, на 8 март 1899 година.
1975 Во Белград умре Иво Андриќ, еден од најголемите писатели на поранешна Југославија. Освен песни во проза ги напиша и прочуените романи "Мостот на Дрина", "Травничка хроника", "Госпоѓица". Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Роден е во селото Долац, кај Травник, на 10 октомври 1892 година.
1986 Космонаутите Владимир Соловјов и Леонид Кизим станаа први членови на екипажот на советската вселенска станица „Мир“.
1990 Советското собрание го изгласа престанокот на 72-годишниот монопол на власт на Комунистичката партија.
1992 Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653, а беа повредени околу 700 луѓе.
1993 Во Скопје умре Петар Мазев, македонски академски сликар, еден од најпознатите уметници на 20. век во Македонија, претставник на експресионизмот во Македонија. Беше професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје и член на групата „Мугри“. Меѓу најзначајните дела се „Манастирски пејзаж“, „Презреано жито“, „Црвена арабеска“, „Жена“ и други, а од мозаиците најпознат е мозаикот во Спомен-костурницата во Велес. Роден е во Кавадарци, во 1927 година.
1996 Во градчето Данблејн, околу 40 километри северно од Глазгов, убиец во гимнастичката сала на основно школо усмрти 16 ученици во прво одделение, на возраст од пет и шест години заедно со нивната учителка и рани уште 13 ученици, а потоа изврши самоубиство.
1997 Јордански војник уби седум израелски ученици кои во текот на експлозијата ја разгледуваа областа наречена „Остров на мирот“ на израелско-јорданската граница.
1997 Во Белград умре Душан Геренчовски, македонски писател. Автор е на теливизиската драма „Белиот ѕид“ и на радиодрамите „Самоубијци“, „Црниот круг“. Роден е во Неготино, на 28 април 1933 година.
1998 Во Скопје умре Бошко Смаќоски, македонски писател. Од неговото обемно книжевно дело ќе ја споменеме неговата прва книга поезија „Мајски ѕвончиња“, објавена во 1959 година и последната „Лето господово, лето ѓаволово“ (поезија), објавена во 1998 година. Роден е во селото Модрич, Дебарско, на 18 септември 1938 година.
2001 Владејачкото авганистанско екстремно исламистичко талибанско движење заврши со уништувањето на две древни статуи со непроценлива уметничка и историска вредност на Буда во Бамијан.
2006 Во Скопје умре Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер. На 14 март 1952 година Османли стана првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) стана и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“. Османли беше прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје и редовен професор по предметите Актерска игра и Интермедијално творештво со историја на филмот. Се занимаваше и со пишување на филмски и телевизиски сценарија, адаптации и драматизации на македонски литературни дела. Општо земено, неговиот творечки опус е мошне богат и за тоа има добиено многубројни уметнички и општествени награди и признанија. Роден е во Битола на 29 мај 1927 година.
2007 Најмалку 42 лица, од кои повеќето деца, од епидемија на колера умреа за време од 24 часа во јужна Сомалија. Колерата чии симптоми се диареја и повраќање, може да доведе до смрт во рок од пет часа доколку не се лечи.
2007 Најмалку 48 лица настрадаа од студ или од последиците на обилниот дожд проследен со луњи и громови во северна Индија.