1584. Вo Санкт Петербург умре Иван Четврти Василевич - Грозни, руски цар, приврзаник на автократизмот и на јакнењето на царското самодржавје. Концентрирајќи ја во свои раце целата власт, настојуваше со сите средства да ги уништи болјарите, а кметовите што поцврсто да ги врзе за земјата. Наречен е „Грозни“ поради грубоста во остварувањето на своите планови. Во настап на бес го уби и својот син. Роден е на 25 август 1530 година.
1745 Умре англискиот државник Роберт Волпол, прв британски премиер. Претседател на владата беше од 1721 до 1742 година, најдолг во историјата на Велика Британија.
1837 Роден е американскиот државник Стивен Гровер Кливлен, претседател на САД од 1885 до 1889 и од 1893 до 1897 година.
1842 Роден е францускиот писател Стефан Маларме кој значително влијаел на француската поезија. Дело: „Песни и проза“.
1844 Во Тихвин е роден Николај Андреевич Римски - Корсаков, руски композитор, диригент и педагог, професор на Петроградскиот конзерваториум и член на групата „Петмина композитори“, мајстор на инструментацијата и техниката. Покрај другото, компонирал 15 опери, од кои најпознати се „Царска невеста“, „Снегурочка“, „Садко“, „Мајска ноќ“ и други. Умре во Лубенск, кај Санкт Петербург, на 21 јуни 1908 година.
1848 Во Милано изби бунт против Австрија така што австрискиот фелдмаршал Јохан Јозеф Радецки мораше да ги повлече трупите од градот.
1858 Во Париз е роден Рудолф Дизел, германски инженер и научник. Во 1897 година, тој го конструира првиот мотор со внатрешно согорување на принципот со самопалење, наречен "дизел-мотор". Умре на 29 септември 1913 година.
1869 Роден е Артур Невил Чембрлен, британски политичар и државник водач на Конзервативната партија. Спрема агресивноста на фашистичките сили водеше политика на попуштање и двоумење, што доведе до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и до почетокот на Втората светска војна. Умре на 9 ноември 1940 година.
1871 Прогласена е Париската комуна, прва пролетерска револуција во историјата, кога работничката класа воспостави власт и почна да управува со политичкиот и со општествениот живот во Париз, кој уште тогаш имаше повеќе од милиони жители. Иако траеше само 15 дена, таа изврши многу општествени реформи кои му дадоа правец на идниот социјалистички развиток.
1909 Во Софија умре Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата "Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина", "Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин", како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија. Роден е во Охрид, на 1 февруари 1834 година.
1913 Во Солун е убиен грчкиот крал од данско потекло Ѓорѓе Први, кој владееше со Грција од 1836 година.
1921 Бољшевиците со војска во крв го задушија бунтот во Кронштат, главната база на руската Балтичка флота. Бунтот го предизвикаа морнарите на флотата барајќи економски реформи и окончување на болшевичката политичка доминација. Кронштанските морнари и работници во 1917 година силно ги поддржуваа бољшевиците, и беа едни од најголемите поддржувачи на Октомвриската револуција.
1922 Британскиот колонијален суд на шест години затвор го осуди водачот на индиското движење за независност Махатма Ганди поради водење кампања за граѓанска непослушност.
1932 Роден е американскиот писател Џон Хојер Апдајк. Дела: „Кентаур“, На фарма“, „Парови“, „Ожени ме“ „Државен удар“, „Вештерките од Иствик“, збирка раскази „Иста врата“, „Голубови перја“, „Музичко школо“, „Проблеми“, „Музеи и жени“.
1936 Роден е јужноафриканскиот државник Фредерик Виле де Клерк, кој придонесе за окончување на расната дискриминација. Како преседател на Јужна Африка во почетокот на дваесеттите години од 20. век одлучувачки влијаеше на демонтирањето на режимот на апартхејдот.
1936 Умре грчкиот државник Елефтериос Венизелос, основач на Либералната партија. Беше пет пати престедател на владата од 1910 до 1933 година. Како премиер ги реформираше работничкото и аграрното законодавство и ги реаорганизира копнената армија и воената морнарица. Во пролетта 1935 година се обиде со револуција да ја спречи обновата на монархијата, но не успеа и мораше да емигрира во Франција каде и умре.
1938 Мексиканскиот претседател Ласаро Карденас ги национализираше сите приватни нафтени компании и го формира државниот нафтен монопол „Пемекс“.
1946 Француска Гијана, Мартиник и Гвадалуп добија статус на прекуморски департмани и станаа интегрален дел на Франција.
1948 Советскиот Сојуз од тогашна Југославија ги повика воените стручњаци, а следниот ден и цивилите, под изговор дека „се опколени со непријателство“ во обид југословенското раководство под притисок да го натера да го прифати курсот кој го наметна Информбирото, односно Москва.
1962 Во швајцарското градче Евијан е потпишана Спогодба за прекин на огнот во Алжир, со што заврши осумгодишната војна за ослободување на таа земја од француската колонијална власт.
1965 Во Рим умре поранешниот египетски крал Фарук Први, последниот монарх во Египет. На престолот застана во 1936 година, а во 1952 година од престолот го тргнаа побунетите офицери, по што беше принуден да оди во бегство.
1969 Претседастелот на САД Ричард Никсон издаде тајна наредба за бомбардирање на Камбоџа.
1970 Проамериканскиот генерал Лон Нол во Камбоџа изведе државен удар додека принцот Нород Сиханук беше во посета на Москва.
1975 Собранието на Тунис за доживотен претседател го прогласи Хабиб Бургиб.
1980 Умре Ерих Фром, германски филозоф. Критички ги толкува тезите на Фројд и ги анализира причините на самоотуѓувањето и деструктивноста. Најпознати негови дела се "Бегство од слобода", "Здраво општество" и други. Роден е во 1900 година.
1983 Умре поранешниот италијански крал Умберто Втори, последниот монарх на Италија, кој на престолот беше само еден месец. Стана крал во мај во 1946, по абикацијата на својот татко Виторио Емануел Трети, но и сам абдицираше во јуни 1946 година, бидејќи Италијаните на референдум се определија за република, по што мораше да емигрира и умре во Швајцарија.
1996 Амбасадата на САД во Скопје започна со издавање визи.
1997 Израелците почнаа со изградба на еврејската населба Хар Хома во источен Ерусалим предизвикувајќи огорчени протести кај Палестинците.
1996 Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија.
2000 Со победа на кандидатот на Демократската партија на прогресот Чен Шуи Бијан, поддржувач за независност на Тајван од Кина, заврши 50-годишното владеење на Националистичката партија.
2003 Претседателот на Ирак Садам Хусеин, во едно од ретките појавувања пред јавноста, облечен во унифрма, преку телевизијата им соопшти на Ирачаните дека го отфрлил американскиот ултиматум да оди во бегство или да се соочи со војна.
2004 Во Скопје умре Тодор Мицов, маекдонски писател и критичар. Автор е на книгите поезија „Крепости“, „Збор и слика“, „Од 1 до 101“, „Скалила“, на монографијата „КУД Григор Прличев“ и на други дела. Роден е во селото Калиманци, Виничко, на 12 јуни 1949 година.
2007 Во судар на два товарни брода во Источнокинеското море, осум лица го загубија животот додека уште девет се водат за исчезнати. До сударот на еден кинески брод и еден брод регистриран во Хонг Конг, дојде во близина на брегот на провинцијата Џеџианг.