1521. На филипинскиот остров Макатан домородците го убија Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја на 16 март 1521 година, од Тихиот Океан пристигна на Филипинските острови. Роден е во Соброза, Италија, на 16 март 1480 година.
1791 Роден е Самјуел Морзе, американски физичар и сликар. Во 1837 година го пронајде телеграфот. Умре во 1872 година.
1830 Јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар, обвинет за диктаторски амбиции, поднесе оставка на функцијата претседател на Колумбија.
1905 Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. Роден е во Крушево, во 1877 година.
1915 Умре Александар Николаевич Скрјабин, руски композитор и пијанист, прдвесник на експресионизмот. Во последната фаза од неговото творештво се чувствува мистична концепција ("Божествена поема", "Прометеј"). Компонираше оркестарски композиции, прелудиуми за клавир, сонати и друго. Роден е на 6 јануари 1872 година.
1941 Атина во Втората светска војна ја зазедоа германските трупи после грчкиот отпор кој траеше 180 денови.
1945 Италијанските партизани го фатија злогласниот Бенито Мусолини, кој се обиде да побегне од земјата. Набрзо, потоа, како еден од виновниците за Втората светска војна и за безбројните злосторства, е стрелан (28 април 1945 година).
1956 Американскиот боксер во тешка категорија со италијанско потекло Роки Марчано се повлече од рингот како непоразен светски боксерски шампион.
1960 Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.
1961 Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка.
1983 Во Скопје умре Димо Тодоровски, македонски академик, познат вајар кој беше единствен скулптор во Македонија меѓу двете светски војни. Роден е во Солун, на 11 декември 1910 година.
1972 Умре ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, истакнат борец против колонијализмот.
1983 Во Скопје умре Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје. Роден е во Ресен, на 27 мај 1912 година.
1992 Понеделник, вториот ден на православниот празник Велигден, првпат е прогласен за неработен ден во Република Македонија.
1992 Замбиски воен авион во кој се наоѓаа фудбалските репрезентативци на таа африканска земја се урна во Атланскиот океан во близина на Габон. Во авионската несреќа загинаа 30 лица.
1993 Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност.
1993 Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур.
1995 Во Скопје умре Цветко Мартиновски, македонски писател, преведувач и новинар. Негови најпознати книги раскази се "Луњинци", "Квечерини и разденувања" и "Пријатели". Роден е во Скопје, на 25 март 1930 година.