
Вашингтон, 6 февруари 2012 (МИА) - Основачот на најголемата социјална интернет мрежа „Фејсбук“ Марк Зукерберг ќе мора оваа година да плати огромна такса, меѓу 1,5 и две милијарди долари.
Од влегувањето на „Фејсбук“ на берзата на овој начин ќе профитира и американското даночно тело.
Зукерберг, чиј капитал сега се проценува на околу 30 милијарди долари, сепак има средства да ги плати овие големи даноци. Тој, меѓутоа, наведе дека ќе продаде дел од своите акции за да може да го финансира овој трошок.
Во почетокот на овој месец, компанијата „Фесбук“ излезе првпат на берзата, а почетокот на јавната продажба на нејзините акции се очекува во следните неколку месеци. Некои аналитичари проценуваат дека пазарната вредност на компанијата би можеле да достигне и 100 милијарди долари.
Вкупната вредност на „Фејсбук“ се проценува на 75 до 100 милијарди долари, а иницијалната понуда на акциите од десет милијарди долари е најголемата која некогаш ја имала компанија која се занимава со технологија.