Правила и услови за користење на „ИДИВИДИ камери“

Веб сервисот "ИДИВИДИ камери" е сопственост на АД Македонски телекомуникации. За време на користењето на "ИДИВИДИ камери", се применуваат правилата кои се овде наведени, воедно и сите услови, правила и прописи кои произлегуваат од важечката регулатива. "ИДИВИДИ камери" го задржува правото на промена на правила и условите во било кој момент без претходна најава. Промените стапуваат на сила и ќе се применуваат веднаш по објавувањето.

Користење на сервисот
Целта на "ИДИВИДИ камери" е информативна, исклучувајќи ја можноста за лична идентификација, согласно Законот за заштита на лични податоци.
Корисниците т.е. посетителите на веб сервисот "ИДИВИДИ камери" може да ги користат податоците т.е. видео сигналот прикажан преку камерите исклучиво визуелно.

Употреба и заштита на податоци
Камерите емитуваат само видео сигнал и истиот се користи исклучиво потребите на веб сервисот „ИДИВИДИ камери“.
“ИДИВИДИ камери” гарантира дека нема да го снима видео сигналот, а со тоа нема да објавува, продава или дава на трета страна видео снимки.
Серверот на кој е поставен “ИДИВИДИ камери” (како и секој друг web сервер) ги бележи податоците односно статистиката на посети и IP адреса на посетителот / корисникот на сајтот).

Заштита на авторски права
Податоците (видео сигналот и кадри од истиот) може да се користат само на начинот предвиден со овие правила и услови на користење. Користењето на податоците за други цели, како копирање, дистрибуција на податоците, печатење, без претходно одобрување е спротивно на Законот за авторското право и сродните права и подлегнува на санкции. “ИДИВИДИ камери” се оградува од  учество во евентуални спорови, а во врска со повреда и заштита на авторските права на лица пред камерите.

Исклучување од употреба, надоместок на штета
“ИДИВИДИ камери” го задржува правото да го исклучи од понатамошна употреба на страницата оној корисник кој на било кој начин ги крши правилата и условите за користење или на било кој начин ги повредува правата на лица пред камерите.
“ИДИВИДИ камери” воедно го задржува правото да од понатамошна употреба на страницата го исклучи оној корисник кој ги злоупотребува податоците или на било кој начин неовластено го користи „ИДИВИДИ камери“, а особено при копирање на содржините објавени на “ИДИВИДИ камери” и објави во/на некој друг медиум на огласување.
“ИДИВИДИ камери”, покрај правото да го исклучи таквиот корисник, го задржува правото и може да побара надоместок на штета.

Гаранции
"ИДИВИДИ камери" до максимална дозволена законска граница на одговорност, се исклучува од било каква штета, загуба или повреда која може да настане непосредно или посредно поради: