Почитувани корисници, Во рамки на претстојното ребрендирање на нашата компанија планирано е воведување на нов домен, за вас како корисници на e-mail адреса на @mt.net.mk. Од 4 мај, сите e-mail пораки кои ќе ги испраќате, ќе бидат испратени од t-home.mk домен. Сите пораки кои ќе бидат испратени на вашата досегашна e-mail адреса и понатаму ќе пристигнуваат во вашето e-mail сандаче. Доколку e-mail сандачето го користите преку webmail, нема потреба од никакви дополнителни подесувања. Доколку e-mail сандачето го користите преку e-mail клиент (Outlook), потребно е само да се промени e-mail адресата од username@mt.net.mk во username@t-home.mk, каде што username претставува вашето корисничко име. |
Упатство за подесувања на вашиот e-mail account во Outlook Express |
1. Влезете во менито Tools и изберете го Accounts: 2. Изберете го табот Mail, па кликнете на Properties: 3. Во полето E-mail address, променете ја адресата по знакот @. Наместо mt.net.mk, впишете @t-home.mk 4. Кликнете на ОК 5. Со тоа, потребните измени се направени. |
Помош околу подесувањето можете да добиете и на бесплатниот телефонски број 0800 12345. |