Светската популација живее подолго, но почесто се разболува

Според студиите за глобалното здравје, процентот на здрав живот се намалил поради разни болести, кои во 1990-тите години изнесувал 21%, а во 2013 се искачил на 31%. Само 4% од целокупното население немаат никакви здравствени проблеми, додека 1/3 односно 2.3 милијарди луѓе имаат повеќе од пет здравствени проблеми.



Бројката се зголемува кај повозрасните луѓе

Ситуацијата сè повеќе се влошува. Научниците предупредуваат дека бројот на заболени лица се зголемува кај повозрасните луѓе, што значи дека бројот на луѓе со здравствени проблеми сè повеќе ќе се зголемува како што тие стареат.

Во истражувањето биле опфатени податоци од 188 држави при што се разгледувале 300 болести и повреди. Ова истражување е едно од најдолгите студии за здравјето која опфаќа податоци од 1990 до 2013 година. Во тој период, најчести здравствени проблеми биле: болка во половината, депресија, анемичност поради недостаток на железо, болка во вратот и намалување на слухот во поодминати години. Во 2013 година, мускулоскелетните проблеми (како што се болки во половината, вратот и артритисот) и менталните нарушувања (главно депресијата, нервозата, користење на алкохол и дрога) изнесувале речиси половина од сите изгубени здрави години за живот.

Изненадувачки пораст во лошата здравствена состојба



Според истражувањето, еден од десет луѓе до 2013 година страдале од најмалку едно од следните нарушувања: расипување на заби, чести главоболки, анемичност поради недостаток на железо, намалување на слухот поради стареење, генитален херпес, мигрена, цревни нарушувања и нарушување на крвта или крвотокот.

Студијата исто така покажа изненадувачки пораст во лошата здравствена состојба помеѓу 1990 и 2013 година поради дијабетесот, артритисот и Алцхајмеровата болест. Општествата многу подобро спречуваат човечка смрт отколку што ги намалуваат болестите. На пример, процентот на глобалните дијабетичари пораснал на 43% во последните 23 години, додека смртните случаи предизвикани од дијабетес се искачиле за само 9%.

- Не им се обрнува доволно внимание на големите причини за влошување на здравствената состојба како што се губење на слухот, сериозни мускулоскелетни проблеми и ментални нарушувања. Ако ги третираме со многу поголемо внимание, овие проблеми ќе се намалат и тогаш нема да имаме живи и болни луѓе, туку живи и здрави луѓе, изјави проф. Тео Вос, кој е предводник на ова истражување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...