Годините на родителите ризик фактор за аутизам кај децата

Огромно истражување ја откри поврзаноста меѓу годините на родителите и аутизмот. Со анализа од над 5.7 милиони луѓе во пет држави, ова истражување е едно од најголемите од овој вид, кое ја студира врската меѓу годините на родителите и ризикот од аутизам кај плодот.

- Големината на истражувањето зборува за точноста на наодите. Сега со сигурност може да кажеме дека зачнувањето за време на тинејџерскиот период и поодминатите години на мајката се ризик за аутизам кај плодот, изјави Мајкл Росаноф, предводник на ова истражување.



Процентите покажуваат дека ризикот за аутизмот е за 66% повиоск кај децата родени од татковци над 50 години, за разлика од оние од татковци во 20-тите години, додека пак 18% повисок е кај тинејџерките отколку кај мајките во 20-тите години. Зголемениот ризик и кај двете возрасни граници покренал огромни прашања, па затоа било извршено ова истражување.

Теориите за зголемување на ризикот од аутизам кај децата зачнати од повозрасни родители се точни, смета д-р Росаноф, објаснувајќи дека како што старееме се соочуваме со мутации во спермата и јајце клетките. Друга хипотеза е дека луѓето кои зачнуваат дете во поодминати години можеби имаат социјални потешкотии кои им го отежнале процесот на зачнување, што може да доведе исто така до аутизам. Што се однесува до тинејџерите, научниците веруваат дека токму годините и недостатокот од медицинска грижа се виновни за аутизмот.



Сепак, не постои причина за вознемиреност, смета Свен Сандин, кој е учесник во истражувањето.

- Иако годините на родителите се ризик фактор за аутизам, важно е да се запомни дека повеќето деца родени од постари или помлади родители ќе се развиваат нормално, вели д-р Сандин.

Целта на студијата била да се одлучи дали годините на родителот го зголемуваат ризикот за аутизам, но сепак потребни се дополнителни истражувања пред да се сменат официјалните препораки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...