Стоп за болките во желудник и спречете ги сериозните болести

Знаевте ли дека желудникот за 70 години преработува околу 50.000 литри течност и дневно произведува од 2 до 3 литри желудочен сок? Ова се само некои од фактите кои ги помислуваме колку голема е улогата на желудникот при секојдневното консумирање храна. Повеќето личности еднаш или повеќе пати почувствувале болки во желудникот.



Желудочните тегоби се еден од најчестите здравствени потешкотии поради кои пациентите бараат лекарска помош. Нарушувањето на рамнотежата меѓу улогата која ја има слузницата на желудникот и количината на излачени желудочни сокови е една причина за болки во желудникот. Пациентите имаат грчеви, болки, тегоби, надуеност или гадење. Ако овие потешкотии не се лечат на правилен начин, проблемите може да ескалираат до многу сериозни болести.

Диспепсија

Диспепсија е заедничкото име за потешкотии кои се локализирани во горниот дел на дигестивниот систем, што се јавуваат за време на конзумирање храна. Најчесто се јавуваат во средната животна доба (просечна е 55 години) и ги погодува и двата пола, но почеста појава е кај мажите. Според некои истражувања 1/3 од популацијата патат од овие проблеми. Голем број на диспепсични пациенти имаат оштетување на горниот дел на гастроинтестиналниот состав на желудникот или дванаесет палачното црево.

- Со цел да се долови целата слика за потешкотиите кои го нарушуваат квалитетот на животот, многу е важно да се побара медицинска помош навреме и да се направи дијагностички третман, истакнува гастроентерологот прим. д-р Томислав Бркиќ.



При лечењето на диспепсија важно е да се споменат штетните животни и прехранбени навики, да се контролираат и да се лекуваат останатите присутни болести. Се советува да се престане со пушењето, да се намали прекумерната телесна маса и дневното внесување на масна храна и да се распредели храната во почести и помали оброци. Препорачливо е да се користи маслиново масло и редовно да се земаат млечни производи.

Воспален желудник (функционална диспепсија)

До дијагноза „воспален желудник“ најчесто доаѓа поради мачнина, чувство на исполнетост, надуеност во стомакот, болки во стомакот па сè до халитоза или лош здив. За овие потешкотии влијаат стилот на живот, лошата исхрана, нетолерантност кон некои од намирниците, конзумирање алкохол, пушење и изложеност на стрес. Исто така, добро е да се конзумираат и лековити билки – чај наместо газирани и кофеински напитоци и со тоа може да се намалат потешкотиите.

Гастритис

Една од најчестите болести на модерното општество е гастритисот. Под гастритис се мисли на воспаление на желудочната слузница. Акутниот гастритис се дефинира како ненадејна состојба која брзо поминува, а се манифестира со болки во желудникот кои кратко траат. Болките кај хроничниот гастритис траат многу подолго. Диеталната исхрана и топлите пијалаци од лекови сигурно ќе ги намалат болките.



Повеќето личности со повремени болки во желудникот немаат гастритис, но во ситуациите кога слузницата ќе се воспали, пациентите може да чувствуваат неугодност попратена со силни болки. Гастритисот е резултат од бактериски инфекции меѓу кои најпозната е Helicobacter pylori, а како последица на гастритисот се јавува и чир на желудник или на дванаесет палачното црево. Методите на самопомош во тие ситуации нема да дадат никакви резултати, па затоа мора да се посети лекар.

Ризик фактори за желудникот

Постојат безброј ризик фактори кои може да доведат до болки во желудникот. Еден од позначајните е стресот на кој се изложени се повеќе личности. Исто така меѓу најчестите ризик фактори се:

  • Алкохолни пијалаци
  • Кафе
  • Нередовна и неправилна исхрана
  • Употреба на одредени јаки лекови

Сепак, доколку почувствувате дека нема никакво подобрување и покрај сите работи, веднаш обратете се на вашиот лекар и побарајте ја неговата помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...