Алергија од сонце: Превенција и лекување на непријатниот осип

Алергијата на сонце е една од најчестите причини кои можат да ни го расипат летниот одмор.

Од сè уште непознати причини, алергијата на сонце повеќе ги погодува жените отколку мажите. Најчесто се јавува на пределот на деколтето, во облик на ситни мозолчиња кои чешаат. Кога еднаш ќе се јави, кај повеќето луѓе се повторува секоја година при изложување на сонце.

Од овој тип на алергија дополнително се загрозени заболените од автоимуни болести, болести на бубрезите, како и оние кои се под терапија на антибиотици и аналгетици.

Како се разликува алергија од сонце од убод од инсекти?

Несаканите рекации на кожата до кои се доаѓа по сончањето се многу честа појава во лето и на пролет, а може да се јават дури само неколку минути или часови по директното изложување на сонце. Многу е чест осипот кој се нарекува полиморфна реакција на светлина, а изгледа како силно црвен осип на лицето, вратот, деколтето, со појава на ситни мозолчиња или меурчиња.

Малку поретка е појава е осипот кој почнува на исончаните делови на телото, а подоцна може да се прошири и на останатите делови на телото. Овој осип се разликува од убодот од инсекти бидејќи после убодот на кожата настанува црвенило кое има и црвена средина, додека тоа го нема кај осипот.



Како да ја спречите и лекувате алергијата?

Лекарите порачуваат дека е многу важно да се спречи настанувањето на осипот, па затоа треба внимателно и кратко кожата да се изложува на сонце, со користење на креми за аштита и со носење на облека со долги ракави и ногавици. Директното изложување на сончевите зраци во ударните часови од денот никако не е препорачливо.

Кога се оди на плажа, треба да се избегнува нанесувањето на парфем и дезодоранс, како и шминка на лицето.

Алергијата и реакциите на кожата на сонце се наследни, па така генетската подлога е доста важна.

Прва помош при појава на овој вид на алергија е повеќе да не ја изложувате кожата на сонце. Потребна е терапија со антихистамин во таблети, како и калциум. На кожата треба да се нанесуваат поблаги креми на база на кортикостероид во времетраење од неколку дена. Кај силните алергиски реакции секогаш постои опасност од анафилактички реакции, но како последица на алергијата на сонце се ретки.



Од голема помош во превенција на алергиските реакции се одредени додатоци во исхраната како што се каротеноидните пигменти бета-каротен, астаксантин и лутеин, потоа витамин Е, селен, како и конезимот Q10. Најдобра стратегија за заштита на кожата е комбинација на намирници и додатоци во исхраната кои е потребно да започнете да ги консумирате до 10 дена пред озложување на сонце.

За користење на било каква терапија претходно задолжително исконсултирајте се со лекар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...