Прекумерната консумација може да резултира и со смрт?!

Опасностите од пиење премногу вода

Иако за време на овие летни месеци треба значајно да го зголемиме внесот на вода, со цел полесно да поминеме низ периодот со пеколно високи температури и да ја спречиме дехидрацијата, сепак постои опасност од спротивната екстрема.



Иако веројатно мислите дека никогаш не можете да испиете премногу вода, па настојувате постојано да се „полните“ со течност, се лажете. Хипонатермијата, која означува состојба во телото по прекумерен внес на течности во телото, може да биде навистина опасна.

Нејзините симптоми најчесто се мачнина и повраќање, но може да дојде и до загуба на свеста, а како краен случај забележана е и смрт. Имено, еден спортист за време на неговиот тренинг испил седум литри вода, по што починал.

Експертите напоменуваат дека дури и малата дехидрација, од која телото ведаш се опоравува со пиење на малку вода, е подобра од преголемиот внес на вода.

Опасноста се наоѓа во тоа што кога во телото ќе внесете преголема количина на течност, истот не е во можност да ја излачи, по што крвта станува разредена и клетките во телото отекуваат. Оваа состојба, кога телото станува прехидрирано, е сериозно опасна, а како што веќе напоменавме, во најлош случај може да заврши и фатално.

Кога се зборува за оптимален внес на течности, експертите велат дека тоа прашање има индивидуална природа и дека зависи од возраста, телесната маса, степенот на физичка активност, исхраната, како и географската положба. Но, основната норма која на сите ни е добро позната е 8 чаши вода на ден.



Правилото гласи дека секогаш треба да слушате што ви вели телото. Пијте вода повремено во текот на денот, особено доколку чувствувате жед, но сепак немојте да претерувате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...