Факти за срцето кои не сте ги знаеле

Срцето е најважниот орган во човечкиот организам. Го исполнува со крв целото наше тело и овозможува испорака на кислород. Во просек бие 72 пати во минута, 100.000 пати дневно, 3.600.000 пати годишно, а 2.5 милијарди пати во текот на целиот живот.

Затоа потребно е да се грижите за неговото здравје, а за тоа сигурно ќе ве поттикнат следните факти:


  • Понеделник е црниот ден на инфаркти: Tокму на овој ден се случуваат околу 20% повеќе срцеви удари, веројатно затоа што луѓето се под поголем стрес и депресија поради враќањето на работа.
  • Ризикот од срцев удар наутро е поголем за 40%, потврдиле научниците од Харвард. Кога се будиме нашето тело лачи адреналин и други хормони на стрес, се зголемува притисокот и потребата за кислород. Исто така крвта е погуста и срцето потешко пумпа, бидејќи делумично сме дехидрирани. Сè ова делува врз срцето. Но, како да се заштитиме? Кога се будите наутро, оставете неколку минути полека да се разбудите во креветот по ѕвонењето на алармот. Ако вежбате наутро, темелно истегнете се, за да не му правите дополнителен стрес на срцевиот мускул.
  • Барате рецепт за силно и здраво срце? Следете го медитеранскиот режим за исхрана и редовно вежбајте, советуваат канадските научници за срце и мозочен удар. Испитаниците кои редовно вежбале според побараната програма и практикувале медитеранска исхрана, го намалиле обемот на струкот за осум сантиметри, го намалиле систолниот крвен притисок за шест милиметри и го подобриле своето вежбање за 15% во првите девет месеци од истражувањето.

  • Аристотел сметал дека срцето е извор на интелигенција, а главната цел на мозокот била да ја лади нашата крв. Древните Египќани верувале дека срцето може да се движи низ телото.
  • Не се вели залудно дека женските срца се поразлични од машките. Имено, срцата на дамите бијат околу 10% побрзо, отколку срцата на мажите, односно 78 пати во минута, споредено со 70 машки срцебиења.
  • Смеењето навистина е најдобриот лек за срцето. Само 15 минути смеење може да има еднакво влијание за здравјето на срцето, исто како и половина час вежбање аеробик.
  • Треба добро да спиете, бидејќи недостатокот од квалитетен сон го зголемува притисокот, нè прави понервозни, ни го зголемува стресот, апетитот, ни го забавува метаболизмот и лошо делува на нашето расположение. Пред спиење добро проветрете ја собата, па дури и во зимскиот период и извадете ги сите уреди кои ви го одвлекуваат вниманието, како што се книгите, весниците, телевизорот и телефоните. Спалната соба е исклучиво за спиење!

  • Личностите кои сакаат да имаат здраво срце и да живеат подолго, а се љубители на домашни миленичиња, пожелно е да чуваат куче. Имено, тие може да помогнат при намалување на ризикот од развивање на срцеви болести, а воедно и позитивно влијаат во намалување на дебелината, зголемениот крвен притисок и холестеролот.
  • Заборавете на вештачкото дишење ако видите некој кој доживува застој на срце или срцев удар. Најдобро решение е непрекината масажа на срцето, сметаат научниците.

    - Ако се потрудите да направите масажа од 100 компресии во минута, дури и да не сте го направиле тоа совршено, имате најголеми шанси за да исполните најголем проток на крв, советуца д-р Карл Керн, кој е кардиолог во Таскона.

    Преку оваа техника не го проверувате пулсот на личноста, не му ги чистите дишните патишта и не правете дишење уста на уста.

Запомнете, грижата за вашето срце е најважна!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...