Толку мали, а толку болни - како да си помогнете

Толку мали, а толку болни. Сите оние кои се соочиле со камења во бубрезите знаат дека дури и најмалите од нив може да предизвикаат силна и неподнослива болка, поради која одвај може да се исправите. Истражувањата покажуваат дека 1 од 11 луѓе се соочуваат со овој проблем, како и дека повеќето од нив најчесто се мажи. Доколку еднаш сте имале камења во бубрезите, шансите повторно да ги добиете се околу 50%.

Бубрежните камења се изградени од цврста маса на минерали кои се насобрале во уринарниот тракт. Повеќето од нив најчесто се комбинација од калциум и оксалати, но во некои случаи може да се најдат и камчиња изградени од калциум и фосфати. Најдобриот начин за превенција е да посветите внимание на својата исхрана, која треба да биде здрава и добри избалансирана.

Недостаток на калциум

Бидејќи калциумот е дел од каменот во бубрезите многумина мислат дека ако престанат да внесуваат калциум нема да го имаат овој проблем. Сепак, експертите тврдат поинаку. Според едно истражување спроведено во 2013-та луѓето кои консумираат повеќе калциум, помалку заболуваат во камен во бубрезите за разлика од оние кои консумираат помалку калциум. Доколку во вашата исхрана недостига калциум, таканаречените оксалати кои вообичаено се врзуваат со калциумот во дигестивниот тракт, ќе се врзат со истиот во урината и на овој начин ќе предизвикаат создавање на камења.

Опсесија со салати

Ако сте од оние кои постојано јадат зелени салати, можеби е вистинското време да размислите за побалансирана исхрана. Проблемот повторно е во оксалатите кои можат да се најдат во овие салати. Кога количеството на оксалати е преголемо, нивната концентрација во урината води кон создавање на камења. Затоа консумирајте салати, но умерено.

Внимавајте со солта

Прекумерното користење на сол во исхраната предизвикува најразлични компликации за телото, меѓу кои и камења во бубрезите. Зголемувањето на натриум може да предизвика зголемување на количеството на калциум во бубрезите. Експертите препорачуваат внесувањето на натриум да се ограничи на 2300 милиграми на ден, додека за луѓе со висок крвен притисок на помалку од 1500 милиграми.

Не претерувајте со месото

Една студија од 2014-та покажува дека вегетаријанците и луѓето кои почесто јадат риба имаат од 30 до 50 проценти помалку шанси да заболат од камен во бубрезите за разлика од оние кои јадат по 100 грама месо на ден. Претпоставката е дека оние кои постојано јадат месо, забораваат на овошјето и зеленчукот со што го намалуваат внесувањето на магнезиум кој го спречува создавањето на камења.

Течностите се корисни, но...

Најдобриот начин да ги избегнувате камењата во бубрезите е да пиете течности. Токму затоа се препорачува да се пијат околу 8 чаши вода во текот на денот. Сепак, тоа важи за водата, но не и за газираните сокови. Истражувањата покажуваат дека само една лименка газиран пијалак може да го големи ризикот за камења во бубрезите за 23 проценти. Научниците веруваат дека шеќерите во овие пијалаци се причината која доведува до зголемување на ризикот.

Време за лимон

Ако не можете да се сетите кога последен пат сте јаделе некое цитрусно овошје, следниот податок најверојатно ќе биде доволна причина повторно да ги вратите лимоните и грејпфрутот во вашата исхрана. Цитрусните овошја во себе содржат цитрати за кои се верува дека го намалуваат ризикот за добивање на камења во бубрезите. Па така следниот пат да се напиете чаша вода во неа исцедете малку свеж лимон и на овој начин чувајте го своето тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...