Несоницата – главен виновник за мноштво здравствени проблеми

Дневно ни се потребни осум часа сон, а ризикот од делумична или потполна несоница може да се манифестира врз нашето здравје, кое ни го отежнува секојдневието. Ова се 13 ризици на кои сме изложени поради несоницата:



Болести на срцето

Истражувањата покажуваат дека личностите кои спијат помалку од четири часа имаат зголемен број на срцебиења во споредба со бројот на биењата на срцето по осум часа сон. Концентрацијата на C-реактивниот протеин за ризик од срцеви болести е поголема кај оние кои воопшто не спиеле или спиеле многу малк.

Промена на телесната тежина

Личностите кои спијат неквалитетно имаат предиспозиција за дисбаланс во прехраната, кој доведува до зголемен апетит и потреба за покалорична храна. Тие уживаат во слатки и послабо ги контролираат своите импулси. Сè повеќе калории се согоруваат додека сме будни, а согорувањето на истите е многу побавно кога сме уморни.

Главоболки



Еден дел од истражувањето ја сврзува мигрената со непроспиените ноќи. Речиси 58% од луѓето кои патат од несоница, наутро се будат со главоболки.

Раздразливост

Поединците кои патат од депривација на сон, често се пораздразливи и поневообичаено реагираат ако претходната ноќ спиеле полошо.

Проблеми со концентрација

Покрај горенаведените проблеми, исто така може да се јават и проблеми со концентрацијата. Токму овој проблем може да биде еден од главните виновници за сообраќајни несреќи, лошото извршување на работните задачи и нарушените меѓучовечки односи.

Дигестивни проблеми

Дигестивните проблеми, како што се улцеративниот колитис и Кроновата болест се поврзани со недостаток на сок, кој според некои истражувачи, може да ги влоши воспалителните болести на цревата. Научно е докажано дека пациентите со Кронова болест имаат два пати почести компликации на болеста кога не се доволно наспани.

Намалено либидо



Недостатокот од сон последично е поврзан со намаленото либидо и сексуалната дисфункционалност. Спиењето го зголемува нивото на тестостерон, додека будноста го намалува.

Болки

Личностите кои патат од хронични болести и оние кои имаат привремени акутни напади на болки, обично не се доволно наспани. Недостатокот од сон, може да предизвика болка, односно да ја зголеми чувствителноста на болка.

Проблеми со помнењето

Истражувачите веќе уште во почетокот на 20 век открија дека личностите кои доволно спијат, помалку се склони кон заборавање и обратно. Според некои студии, дури го зголемуваат и ризикот за Алцхајмерова болест.

Депресија

Луѓето кои патат од несоница може два пати почесто да развијат депресија. Лечењето на несоницата, може добро да влијае и на лечењето на депресијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...