Три начини да дознаете дали наскоро ќе умрете

Загриженоста за стареењето често пати нè тера да размислуваме за тоа уште колку живот ни преостанува. Доколку тоа е случајот и со вас, ова што ќе го прочитате во продолжение ќе ве интересира.



Вистина е дека не постои кристална топка која може да ни каже кога ќе ни заврши животот, но постојат одредени медицински показатели кои може да ни ја приближат таа слика пред очите. Еве како да дознаете дали ви се приближува крајот!

Сетило за мирис



За сетилото за мирис да функционира како што треба, потребна е константна регенерација на клетките во носот. Но, како што старееме, способноста за клеточна регенерација ни се намалува, па нашето сетило за мирис повеќе не функционира толку добро како претходно, а со текот на времето миризбите сосема ќе ви избледат. Затоа, старите луѓе не можат да почувствуваат никаква миризба.

Една студија спроведена врз 3.000 луѓе, покажала дека оние испитаници кои послабо ги разликувале миризбите имале три пати поголем ризик од смрт во блиската иднина.

Стисок на рацете



Силата на стисокот на рацете е еден од релевантните показатели за тоа колкав замав зел процесот на стареење. Многу истражувања на оваа тема имаат воведено тестови токму за силата на стисокот.

Едно збирно истражување кое опфатило податоци од 50 различни студии, открило дека постои поврзаност помеѓу стисокот на рацете, стареењето и образованието. Утврдено е дека жените од 65 годишна возраст, кои имаат завршено основно образование имаат стисок на раката силен како за жена од 69 годишна возраст, која завршила средно образование. Заклучокот е дека помалку образованите луѓе побрзо стареат, но и дека стисокот на рацете е валиден показател на стареењето.

Крвна анализа



Постои посебна анализа на крвта насочена кон процесот на стареење, при која се тестираат елементите кои откриваат какво е здравјето на имунолошкиот систем, нивото на холестерол, како и други показатели.

Една студија која опфатила нешто помалку од 10.000 луѓе, спроведена во период од 5 години, открила кои четири елементи во крвта надобро го покажуваат ризикот за скорашна смрт. Имено, во текот на траењето на студијата починале 508 испитаници, а во нивната крв најдено било зголемено ниво на следните елементите плазма албумин и алфа-1 глокопротеин, како и слаба густина на липопротеините и цитратите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...