ПОЈАВИ КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ИГНОРИРАТЕ

Несекојдневни симптоми кои укажуваат на рак на дојка

Болка, грутки и промени на брадавиците се знаци кои несомнено укажуваат на рак на дојка. Тие се општо познати симптоми, но немојте да ги игнорирате ниту чешањето, црвенилото, како и дамките на кожата.

Иако грутките и болката во градите и деформацијата на брадавиците се најчести знаци кои укажуваат на оваа страшна болест, се повеќе случаи откриваат дека ракот на дојка се темели на навидум безопасни промени на кожата.

Зрнеста текстура, изглед како кора од портокал, брчки и задебелување, чешање околу брадавиците, исцедок, промени во големината или обликот на градите, болка во раката и проширени и видливи вени - се симптоми кои, исто така, не треба да се игнорираат, пишува Daily Mail.

- Тие се поинакви симптоми од оние вообичаените кои обично се поврзуваат со ракот, но никако не значи дека ситуацијата е помалку сериозна, предупредува д-р Ема Пенери.

На пример, туморот кој се сместил во каналите на дојката не предизвикува видливи грутки бидејќи болеста се шири преку градната марамица. Промените на кожата како видливи вени упатуваат на рак кој ги блокира крвните садови, додека чешањето околу брадавиците укажува на редок облик на тумор, т.н. Пагетова болест.

Наведените промени не секогаш означуваат најлошо сценарио, но доколку истите ги забележите, мора да преземете мерки на претпазливост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...