Маснотиите и алкохолот го нагризуваат панкреасот

Само еден пообилен и масен оброк или неколку чашки алкохол може да бидат доволни за акутно воспаление на панкреасот. До воспаление може да дојде ако каменчињата во жолчните патишта го запушуваат одводниот канал на панкреасот или ако нивото на маснотија во крвта, пред сè триглицеридите, ја поминат границата од 2.5 или 3mmol/L.

Акутниот напад на панкреасот, панкреатитисот, лесно се препознава по острата неподнослива болка во пределот на папокот , кој се шири кон половината. Пациентот има чувство како да го стега каиш кој никако не може да се разлабави.



Професор д-р Драган Томиќ, гастроентеролог-хепатолог и началник на ургентниот центар во Белград го објаснува панкреатитисот.

- Панкреасот е жлезда која е клучна за варење на храната. Ензимите во панкреасниот сок, кои се лачат за време на оброците, ги варат маснотиите, протеините и скробот. Тие се неактивни сè додека не достигнат до луменот на тенкото црево со соодветна pH вредност. Опасно е ако ензимите станат активни додека се уште се наоѓаат во панкреасот и жолчните патишта што може понекогаш да се случи и кога е зголемено нивото на триглицеридите во крвта.

Повеќето акутни воспаленија за среќа имаат добри прогнози и по извесно време се повлекуваат. За жал, дури и 10% од воспаленијата на почеток имаат деструктивна форма, кога целиот панкреас „омекнува“, па потоа воспалението се шири на сите органи.

- Тоа е состојба на шок, во која откажуваат бубрезите, ослабува функцијата на градниот кош и тие пациенти потешко преживуваат, објаснува проф. д-р Томиќ.



Во некои случаи се формираат и некрози, ткивото умира, а активните ензими почнуваат да го уништуваат панкреасот. Ова може да доведе до секундарна инфекција, бидејќи некрозното ткиво веќе не може да се одбрани. Тогаш мора хируршки да се направи дренажа на изумрените зони и да се отстранат.

Кај полесните случаи на панкреатитис, првиот чекор е престанување на консумација храна, бидејќи храната е природен стимуланс за лачење на панкреасни сокови, што кај воспалението може да предизвика до уништување на ткивата.

- Наместо храна, се поставуваат специјални сонди низ носот и устата, во тенкото црево, под местата каде што се излива панкреасниот сок. Така внесената кашеста храна нема да делува на лачењето панкреасни сокови. Неопходно е и додавање на течности и електролити, како и потиснување на болката, па лекувањето е навистина сложено, додава д-р Томиќ.

Акутните воспаленија на панкреасот не мора веќе никогаш да се повторат, но неопходно е да се елиминираат сите фактори кои доведуваат до воспаление: да се извадат камењата од жолчните патишта, да се намалат триглицеридите и да се отфрли алкохолот.

Оние кои ќе продолжат со лошите навики, особено со пиење големи количини на алкохол, ризикуваат да добијат хроничен панкреатитис. Оваа болест е „резервирана“ само за оние кои сакаат чашка повеќе. Хроничниот панкреатитис е неизлечив, па дури и ако се престане со консумација на алкохол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...