Пресметајте колкави ви се шансите за рак според висината

Верувале или не, висината не е само важна кога сакате да зачекорите на модните писти, или професионално да заиграте со баскетот. Имено, дури и кога во прашање е опасна болест, не е сеедно колку сте високи.

Високите луѓе, а особено жените, имаат поголеми шанси да заболат од рак од пониските, открива новото истражување.



Големата студија, со која биле опфатени повеќе од 5 милиони Швеѓани, родени помеѓу 1938 и 1991-та година, покажала дека ризикот од канцер се зголемува за 18 проценти на секои дополнителни 10 сантиметри висина.

Така на пример, жена висока 172 см има 18% поголеми шанси да заболи од некаков облик на рак од жената чија висина изнесува 162 см.

Резултатите на ова истражување, кои се уште не се официјално објавени, ги претставила д-р Емели Бенји од шведскиот институт на конференцијата на Европското здружение на педијатриски ендокринолози, која се одржува во Барселона, Шпанија.

Најновите наоди ги потврдуваат претходните истражувања со кои веќе беше воочена корелацијата помеѓу телесната висина и ракот.



Шведската студија укажала дек високите жени имаат 20 проценти поголеми шанси да заболат од рак на дојките за секои дополнителни 10 сантиметри, додека ризикот од меланом е поголем за 30 проценти кај високите мажи и жени.

Едно претходно истражување објавено во 2013-та година во САД, покажало дека високите жени имаат за 13 проценти повеќе шанси да заболат од одреден вид на рак за секои 10 дополнителни сантиметри.

Авторите на студијата истакнуваат дека ракот е последица на процесот поврзан со растот, заради што, според нив, е логично да се заклучи дека хормоните за раст можат да го зголемат ризикот од заболување.

Но, оваа нова студија е дочекана со зголемена доза на претпазливост меѓу експертите, кои истакнуваат дека истата нема донесено ништо ново и дека неизвесноста и понатаму останува, особено кога се земаат во предвид и другите ризик фактори на ракот, како што се цигарите, гените, прекумерната тежина, животниот стил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...