Телото алармира за нарушена здравствена состојба

Дали устата ви пука или косата ви е многу тенка? Ви се воспалуваат стапалата или ви се појавиле невообичаени жолти кругови околу очите?

Можеби се надевате дека тоа е само моментално, но всушност на тие начини, телото сака да ви испрати предупредувачки знаци дека имате некои здравствени проблеми.

- Многу е важно да го набљудувате телото. Тоа ни дава многу знаци и треба да обрнете особено внимание на некои нови и невообичаени појави, советува д-р Дејо Фамубони.

Дебелеење околу половината



Ако наеднаш се здебелете околу половината, тоа може да значи дека имате дијабетес и метаболична состојба. Ако обемот на половината е поголем од 88см кај жените или 102см кај мажите, тогаш тоа е знак дека сте изложени на висок ризик.

Освен здебелувањето околу половината, дијабетесот се поврзува и со умор, проблеми со концентрација, често уринирање и пиење вода. Ако забележувате некои од овие симптоми тогаш мора да го посетите вашиот лекар, кој ќе направи дополнителни тестирања.

Жолти точки околу очите



Оваа состојба се карактеризира со мали точки создадени веднаш под кожата, а покажуваат покачено ниво на холестерол во крвта.

Обично се прави тест на крвта на празен желудник, кој ќе го покаже нивото на шеќер. Во зависност од состојбата, правилната исхрана и вежбите може да ви помогнат да го регулирате глутенот.

Темни кругови околу очите



Иако и недоволниот сон може да допринесе за создавање на темни кругови околу очите, тие може да бидат поврзани и со алергии и често чешање на очите или носот. Ако чешањето не прекинува, обратете се кај вашиот лекар за да ви препише соодветни пробиотици.

Стапала кои ве чешаат



Поминувате многу време во патики додека вежбате? Поради влажната средина во која се наоѓаат стапалата може да се формираат габични инфекции кои предизвикуваат јадеж.

Исто така, може да забележете и сува кожа околу прстите, но со помош на соодветен крем, ќе можете да го решите проблемот.

Испукани рабови на устата



На овој начин телото се обидува да ви каже да го зголемите внесувањето на храна богата со B витамини и железо, како што се зелениот зеленчук, кртината и јајцата. Сепак, пилингот и користењето на одредени кремови може да помогне за нормализација.

Осип на кожата



Особено ако не престанува со некоја маст, која ви ја препорачал докторот, тогаш ова може да е знак за стомачна болест, предизвикана од храна со глутен. Најчесто се воспалува мембраната на утробата, при тоа отежнувајќи го процесот на апсорпција на хранливите состојки.

Важно е да знаете дека ако патите од оваа состојба, мора да избегнувате глутен.

Ослабување на влакната на косата



Нивото на железо во крвта ви е на ниско ниво, ако забележите дека косата почнува да ви ослабува. Исто така, тоа може да значи и дека сте анемични или имате проблеми со тироидната жлезда. Сепак, добро е да направите тест на крвта со кој ќе го проверите нивото на железо.

Кршливи нокти



За разлика од косата, кршливите и тенки нокти, ослабуваат бидејќи често ги мокриме или употребуваме лак за нокти. Но, понекогаш токму тие ни покажуваат дека имаме габични инфекции, псоријаза, проблеми со тироидната жлезда или артритис. Сепак, освен тенките нокти, при овие болести се јавуваат и други симптоми како што се јадеж, умор и болки во зглобовите. Побарајте совет од доктор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...