Самотијата лошо влијае врз здравјето

Од порано се познати погубните ефекти на изолацијата врз моралот на луѓето кои се принудени да живеат отсечени од светот, како и кобните психолошки последици кои таквата состојба може да ја предизвикаат. Најновата студија, открива дека самотијата може да го доведе нашето тело во смртна опасност.



Истражувачите од универзитетот во Чикаго дознале дека самотијата може да предизвика имунолошки дефицит, како и бројни сериозни нарушувања. За да ги разберат овие последици, тие испитувале мажи и жени постари од 50 години. Меѓу учесниците биле и оние кои се чувствувале многу осамено, но и оние кои биле опкружени со пријателите и семејството.

Кај оние кои патат од изолираност, истражувачите откриле многу поактивни поедини гени поврзани со имунолошкиот систем. Оваа претерана активност неповолно влијае врз функцијата на имунолошкиот систем, кој кога опаѓа може да предизвика многу болести, а пред сè кардиоваскуларни проблеми. Исто така, забележале дека личностите кои на почеток не се чувствувале осамено, подоцна станале осамени преку активирање на тие гени.

Од ова, научниците заклучиле дека лошата работа на имунолошкиот систем може да доведе до повлекување во себе. Накратко, самотијата не само што е лоша врз здравјето, туку и обратно: Лошото функционирање на имунолошкиот систем може да влијае врз нашата способност да комуницираме со другите. Токму затоа, социјализирајте се, а доколку осаменоста ги помине сите граници тогаш обратете се кај психолог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...