Биоразградливи мозочни сензори

Тим од неврохирурзи и инженери од Washington University School of Medicine и University of Illinois развиле безжичен биоразградлив сензор кој може да се инплантира во телото, за по некој период да биде апсорбиран во него.

Голем дел од сегашните инпланти (од било кој вид) често пати предизвикуваат имунолошка реакција во организмот кој пробува да ги отфрли, што може да биде исклучително проблематично за пациентите – тоа може да биде инфекција, хронично воспаление па дури и ерозија низ кожата или органот во кој што се вградени.



Кај пациентите кои имаат претрпено ваква траума (дали преку физичка повреда, мозочен удар и сл.) исклучително е важно редовно и прецизно да се мери интракранијалниот притисок во черепот, бидејќи секое негово зголемување доведува до поголема повреда на мозокот.

Уредите кои денес се користат за ова се базирани на технологија од 80-тите, што значи дека се гломазни и тешки за пренесување, и имаат голем број на жици и монитори кои треба постојано да се поврзани со пациентот.

Овој нов вид на инплант (помалечок од зрно ориз) треба да ги замени ваквите уреди со тоа што ќе се вградува директно во мозокот (на неколку локации), и безжично ќе испраќа податоци за неговата состојба до докторите. Тој е биоразградлив, што значи дека по одреден период самиот се разградува и телото го апсорбира, со што се елиминира и потребата од повторна хируршка интервенција за да се извади.

Уредот е направен претежно од PLGA (Polylactic-co-glycolic acid) и силикон, и докажано функционира (пренесувајќи критични податоци од мозокот) кај субјектите врз кои што е тестиран, т.е кај лабораториски глувци.

Нареден чекор е тестирање врз човечки пациенти, за што веќе се започнати планови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...