Кафето не предизвикува брзо срцебиење?

Консумирањето на кафе често се поврзува со забрзано срцебиење, но едно ново истражување спроведено во универзитетот во Калифорнија, откри дека кафето воопшто не е поврзано со тоа. Истражувачите кажале дека забрзаното чукање на срцето не се јавува поради кофеинот, но може да се поврзе со неоткриен проблем со срцето, кој може да предвиди срцев удар или смрт.



Но, научниците од Американската асоцијација за срце препорачувале пациентите со брзи вентрикуларни контракции или брзи срцеви отчукувања, кои имаат историја од овој вид на срцебиења, да ги избегнуваат оние фактори кои им ја влошуваат ситуацијата, како што е кофеинот, никотинот и алкохолот. Сепак, последните испитувања покажуваат дека продуктите богати со кофеин, како што е чоколадото, кафето и чајот, често се добри за срцето.

Овие две поделени мислења остави многумина пациенти несигурни кого да послушаат, иако многу од нив се придржуваат до советите од нивните доктори и го намалуваат внесувањето на кофеин.



- Докторските совети за намалување на консумирањето кофеин треба да се разгледаат, бидејќи го ограничува и внесувањето на чоколадото, чајот и кафето кои се всушност добри за срцето. Со оглед на последното истражување, кое ни покажа дека забрзаните отчукувања на срцето може да бидат опасни, ова откритие е навистина релевантно, изјави д-р Грегори Маркус, кој учествувал во истражувањето на универзитетот во Калифорнија.

Истражувачите ја следеле консумацијата на кофеин кај 1388 волонтери, кои 24 часа биле приклучени на електрокардиографско набљудување. Податоците се собирале цела година. Преку ова, откриле дека 61% од волонтерите на ден консумирале повеќе од еден продукт на база на кофеин, но нивните атријални контракции и вентрикуларни контракции останале исти. Консумирањето на поголемо количество на кофеин не резултирало со забрзани срцебиења. Сепак, овде биле опфатени само ефектите од хронично консумирање на кофеин.

Истражувачите изјавиле дека се потребни понатамошни испитувања со цел конечно да се реши дилемата за кофеинот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...