Наноботи за „испорака“ на лекови низ организмот

Тим научници од University of California успеале да пренесат лек директно во стомачното ткиво на жив организам, користејќи микро-моторизирани наноботи

Тестот бил направен врз жив глушец, а биле искористени тубуларни микро-моторизирани наноботи со должина од 20 микрометри (0.02mm) и дијаметар од 5 микрометри ( 0.005mm) обложени со цинк, чие движење било поттикнато од меури од гас (водород) кој се создавал како реакција помеѓу цинкот и хлороводородната киселина во дигестивниот систем и кои ги туркале наноботите како минијатурни ракети.



Наноботите патувале со брзини до 60 микрометри (0.06mm) во секунда, и се „вгнездувале“ самите во стомачните ѕидови каде што останувале по 12 часа.

Откога после експериментот стомакот на глушецот бил отворен и испитан, се дошло до заклучок дека присуството на наноботите не го оштетило ткивото, ниту пак ги подигнало нивоата на токсичност во организмот (што и се претпоставувало, имајќи в предвид дека цинкот има повеќенаменски нутритивни вредности)

Претходно тестирани врз органски ткива (на пример, за уништување на Hepatitis C вирусот, уште во 2012-та год), ова е првпат наноботи да се тестирани во жив организам и тоа со огромен успех. Ова ги поттикнало тимот на научници да продолжи со истражување на оваа технологија со цел истата да се употребува кај луѓе.

Нормално, како што е случај со сите медицински откритија, третманите мора да поминат ригорозни тестови за да добијат одобрување од FDA (Food and Drug Administration) пред воопшто да почне апликацијата и тестирањето врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...