Вирусот Зика се шири со голема брзина

Вирусот Зика започна да се шири експлозивно - изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена федерација (СЗО), Маргарет Чан.



На брифингот во седиштето на СЗО, таа рече дека овој вирус се раширува меѓу луѓето на американскиот континент, со голема брзина.

„Зика сега е регистрирана во 23 држави и териториии во регионот на Латинска Америка и на Карибите„ изјави Чан.

Според првиот човек на СЗО, нивото на тревога во врска со овој вирус е „исклучително високо“.

Американскиот претседател Барак Обама вчера побара итна акција против вирусот Зика, кој се поврзува со раѓањето бебиња со ненормално мали глави и недоразвиен мозок.

Обама се заложи за забрзување на работите за откривање вакцина, како и на третманот за луѓето кои се погодени од овој вирус.



На американскиот континент, вирусот се појави во мај 2015 година, во Бразил, но брзо се рашири низ сите делови на Америка и на Карибите.

Засега нема вакцина против вирусот Зика, а не постои ниту посебно лекување. Како единствен „лек„ против вирусот се посочува само кампањата за покривање на барите и мочуриштата кои се легло на комарците кои го шират меѓу луѓето.



Симптомите се налик на поблага варијанта на еден вид тропска треска, која на почетокот се манифестира со блага треска, конјунктивитис и главоболка.

Експертите предупредуваат дека поголемиот број од лицата зафатени со вирусот не ги манифестираат основните симптоми, но Зика се покажа мошне опасна за бремените жени, откако се утврди дека вирусот тешко го оштетува плодот во утробата.



Десетици илјади деца, во неколку земји од Латинска Америка, се родени со ненормално мали глави и недоразвиен мозок, затоа што нивните мајки биле каснати од комарците што го шират вирусот и инфицирани, дека биле бремени.

Американски експерти укажуваат дека најголемата закана за САД претстои во текот на потоплите месеци оваа година, кога Зика може да се рашири на голем простор меѓу западниот брег на САД и средниот Запад, каде живеат преку 200 милиони луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...