Слејт - Вашингтон

Да ги убиеме сите комарци

Сега е вистинско време од лицето на Земјата да ги уништиме бубалките кои пренесуваат болести.



- Нивото на алармантност е многу висока, рече шефот на Светската здравствена организација во четвртокот, опишувајќи ги раширувањето на вирусот Зика во светот. Како и што треба да биде: болеста која се чини дека кај луѓето предизвикува физички оштетувања при раѓање, може да погоди милиони луѓе во неколку десетици земји. А вирусот е можеби тргнат и кон САД. До петокот утрото, не повеќе од пет жители на Њујорк биле дијагностицирани како Зика позитивни.

Но њујорчаните, како и сите во САД, можат да здивнат заради два прости факти. Првиот е дека вирусот Зика не може лесно да се пренесе од еден на друг човек. Вториот е дека бубалките кои го пренесуваат вирусот - посебно два вида комарци, Aedes aegypti и Aedes albopictus - не се многу активни во зима и не претставуваат поголем ризик во заедници каде има силна светлина и еркондишни. Според комесарот во Њујоршкиот оддел за здравје „практично не постои ризик да се добие вирусот Зика во државата Њујорк во овој период“. И други експерти им велат на американците дека нема причина за паника.

Па што е тогаш ова што ме гори по лицето? И што тешко дишам? Тоа не е паника, верувајте ми. Тоа е повеќе бес. Бесен сум на оваа епидемија на Зика, која започна со немирните мали крвопии кои прават толкава штета. Но да се митингува против вирус нема никаква логика. Тоа нема никакви животински нагони, па не е ниту отелотворено живо суштество. Мојот бес е фокусиран на друга цел - не кон вирусот, туку кон векторот. Сопственик сум на специјален резервоар за летечки поткожни игли кои го пренесуваат овој патоген, бубачките кои прелетуваат од една во друга земја и шират биотерор онаму каде ќе слетаат. Лут сум им на комарците и време е да им приредиме пекол.



Кој ќе ми се спротивстави? Некои настани во последниве години - епидемиите од денга (тропска грозница) и чикунгуња, продолжување на косењето на маларијата - досега не беа доволни за да се уништат комарците - тој осомничен бренд. Наместо тоа, овие душкачи и цицачи на крв, паразити, можат со сигурност да се насловат како најголеми зла во човековата историја.

Слушнете ја оваа статистика: болестите кои ги пренесуваат комарците секоја година убиваат стотици илјади луѓе. Од самата маларија умираат шест милиони луѓе секоја деценија, најмногу мали деца. И економските штети се истоветно високи, во висина од десетици милијарди долари секоја годна. Кога научниците ќе ја соберат вкупната сума од загуби предизвикана од само една болест пренесена од комарец (тропската грозница) во само една држава опседната од комарци (Бразил) излегува сума од 1,35 милијарди долари годишно, без оние една милијарда долари кои мораат да се потрошат за контрола на проширувањето на буви кои се инфицирани од денге.

Можеби сте помислиле дека новостите за епидемијата на Зика ќе го убедат човештвото да го уништат комарецот. Ни кажуваат дека научниците мораат упорно да работат во пронаоѓање на нова вакцина како да е тоа најдоброто решение за проблемот. Трката по лек за Зика може да трае со децении - а во меѓувреме ќе не остават да чекаме и да ги гледаме јатата зла со крилја кои лебдат во нашиот воздушен простор, и слетуваат на нашите крајбрежја. Непријателот пристигна на нашите граници. Е па сега не е време за мекичок одговор.

Време е да ги убиеме сите комарци. Време е за голем комароцид.



Вистина е дека се обидуваме да ги држиме бубачките под контрола. Ги прскаме нивните легла со пестициди. Кога бубалките се во фаза на ларви, можеме да ги задушиме со спреј од масло. Но секој од овие модели на војување остава простор за активизам и непокор. Хемикалиите може да дојдат до простори каде живее човекот, или пак да завршат друга непријатна работа, да убиваат животински видови кои Ние всушност ги сакаме. Службениците од јавното здравство имаат свои технократски начини да го опишат ова како колатерална загуба, загрижени заради проблеми како што се „истребување на возрасните препуштено на околностите“ и „нетаргетирана смртност од инсекти“.

И затоа ги бранат своите облози и прават се што можат за да го заштитат балансот помеѓу смртта на комарците и здравјето на екосистемот. Тие користат таканаречен „Интегрирано управување со комарците“, еуфемизам за изведување повеќе мали нешта одеднаш: откривање каде се излегуваат комарците, прскање врз нив со хемикалии, поправка на запуштените одводни канали и собирање на стари автомобилски гуми, пресушување на мочуришта. Сето тоа е сосема одговорно и безбедно. Некој ќе го нарече дури и еколошки коректно.

Но неодамнешното ширење на вируси преку инсекти ме разубеди дека не можеме да ја добиеме војната само со раце во ракавици и врзани зад грб. Доста беше љубезност. Грозната ситуација на терен не бара интегрирано управување со комарците; бара „Програма за целосно уништување на комарците“. Еве и нешто друго: За првпат во човековата историја тој сон може да биде остварен. Постои подобар начин да се убијат комарците – нуклеарна опција – но се досега се плашевме да ја искористиме.



Опцијата за која размислувам постои уште од 30-ите години од минатиот век, кога еден човек по име Едвард Ниплинг доби идеа. Соочен со проблемот со смртоносните инсекти кои ја убиваат живата стока, сврдлестата мува, научниците од американското Министерство за земјоделие смислиле да ги свртат бубалките самите против себе. Со создавање и пуштање во етерот стерилни машки муви, за кои тој сметал дека би можеле да се вмешаат во излегувањето на сврдлестите муви и така да се намали нивната бројност. „Реакциите во јавноста биле од скептицизам до исмевање“, напишал тој подоцна. Но во 1953, Ниплинг искористил армиски рендген апарат за да стерилизира неколку муви и ги пуштил на островот Санибел на Флорида. Експериментот функционирал. Потоа го сторил истото на островот Курасао. По неколку месеци, Ниплинг ги исчистил сите сврдлести муви од островот – целосен масакр над сврдлестите муви. До 1959, оваа мува ја снемало од сите држави во југоистокот на земјата. Набрзо исчезнала и од целата територија на САД, и заради тоа Ниплинг ја добил Светската награда за храна за неговата работа и од Асоцијацијата на одгледувачи на жива стока бил именуван за член во Куќата на славните. Неговата „техника за стерилизирање на инсекти“ им се допаднала не само на ранчерите, туку и на еколозите. Во 1962, Рејчел Карсон ја објавила „Товката пролет“, нејзината прочуена теза против хемиската индустрија. Во последната глава од таа книга наречена „Другите патишта“, Карсон истакнува некои од „новите, иновативни и креативни пристапи во проблемот на делењето на нашата Земја со други суштества“. Меѓу најважните е и методот на Ниплинг – „триумфална демонстрација за вредноста на научната креативност“, напишала таа, „со помош на основни истражувања, упорност и одлучност“.

Па зошто научниците не се обиделе да го искористат истиот пристап во борбата против комарците? Всушност, го направиле тоа. Проблемот е што комарците се прекревки за рендгенските зраци. Наместо да станат стерилни, бубалките умирале. Но во последниве години техниките за стерилизирање на бубачките повторно оживеаја. Еден научник, Лук Алфи, користи генетски инженеринг да создаде стерилни клетки на комарецот Aedes aegypti – оној вид кој го пренесува вирусот Зика, тропската грозница, и жолтата треска. Техниките на Алфи се многу интелигентни. Во бубалката има ген кој ги убива додека се во фаза на ларва, се додека не се најдат во близина на тетрациклин, општо користен антибиотик. Тоа значи дека е можно да се одгледаат голем број на комарци во лабораторија, но кога ќе бидат пуштени во дивината тие не можат да се репродуцираат.

Алфи ја основал Окситек, која е првата компанија која создава генетички модифицирани комарци како оружје. Од 2010 наваму, оваа фирма направила испитувања на терените во Бразил, на Кајманските острови, и во Панама. Третманот е отприлика вака: вработените во Окситек доаѓаат со комбе и возат со брзина од пет до 10 километри на час во областите кои се запоседнати од комарци. Со помош на калорифер без перки и преку пластична цевка се исфрлаат генетички модифицирани машки комарци, а потоа бубалките се парат со дивите женки. (На еден терен во Бразил, Окситек исфрлиле 800,000 машки комарци во една недела, и тоа цела недела). Според шефот на теренските операции во компанијата, Енди Мекими, секое од овие теренски евалуации резултирале барем со 90 проценти исчезнување на бројноста на локалните комарци.



Службениците во САД сакаат да ги тестираат методите на Окситек. При еден обид за тестирање на Флорида, на ова се спротивставиле некои локални жители од страв дека ќе бидат лабораториски глувци во вакво франкенштајно-комарски експеримент. Окситек проценува дека нивната техника е ем со прецизни цели (се однесува само на еден вид комарци) и самоограничувачка (ако сопрете со ослободување на генетски модифицирани комарци тие брзо ќе исчезнат од екосистемот).

Изгледа дека и двете страни во оваа дебата се во грешка. Ризикот кој го носат комарците на Окистек изгледа многу мал, и во секој случај е помал во споредба со прскањето на стотици тони отрови. Но и таканаречената „коист“ од методот на Окситек – неговата специфичност и краткотрајното дејствување – го сметаме како уште еден пример за претерана претпазливост во корист на комарците. Кога завршило разнесувањето на мапки комарци на теренот, Мекими ми кажа дека комарците „пак се вратиле“ по шест месеци. Можеби накратко биле потиснати, но не и збришани.

А зошто да не користиме алатки од биомедицината за да го зададеме конечниот, последен удар? Во 2007, Брус Хеј излезе со уште попотентно оружје: двигател на гени. Неговиот метод треба да семенира кај леглата на комарци други одгледани во лабораторија кои имаат во себе „себични“ гени, кои треба да се шират и да ја убиваат конкуренцијата. Во теорија, ваквиот метод треба за неколку генерации да ги претвори дивите комарци и да го претвори секој локален организам со оние кои содржат генетски модифицирани (ГМ) ќелии. А тие ГМ ќелии треба да бидат и отпорни на паразитите на маларијата, или на вирусот Зика, или на било кој друг патоген кој го шират комарците. Или може да биде дизајниран да има посебна кревкост. Потоа модифицираните комарци би можеле сите одеднаш да умрат, како одговор на некој надворешен сигнал - можеби пораст на температурата, на преминот од зима во пролет.

Друга верзија од оваа истражувачка група на метод воден од гените, кој сеуште е во развој, има уште поразурнувачки потенцијал. Тоа е обратен метод од „Деца на мажите“: модифицираните комарци носат комплет од гени кои ги намалуваат икс-хромозомите во спермата. Тие можат да се репродуцираат, но сите нивни потомци ќе бидат машки. „Ова е прилично возбудлива идеја“, ми рече Хеј. „Кај секоја генерација, машките прават машки. Кога на крајот ќе снема женки, тогаш е крајот“.



Овие техники водени од гени се толку моќни - и толку разновидни во својот деструктивен потенцијал - што е многу тешко за научниците да ги тестираат, дури и на големи средини на отворено. Загриженоста е дека гените на себичност нема само да растурат редот кај локалната популација на комарци туку ќе се рашират и во други области, исто како што ГМ посеви избегаа во дивината. Лошо изведен експеримент може да ја десеткува глобалната популација, па дури да предизвика и сосема да исчезнат. Наместо да бидат убиени некои комарци Aedes aegypti на Флорида, би ги убиле насекаде низ светот. А тоа... и нема да биде толку лошо?

Ајде, само на миг да замислиме дека можеме целосно да ја убиеме целата популација на комарци - па дури и сите 3,500 видови комарци кои зујат на Земјата. Дали ќе биде пореметен глобалниот екосистем?

Најискрен одговор е дека никој со сигурност тоа не го знае. Сепак постојат малку докази дека се круцијална врска во некој синџир на исхрана, или дека нивното исчезнување нема да биде пополнето со нешто друго. Кога новинарот природњак Џенет Фанг напиша за овој експеримент во списанието Нејчр во 2010, таа заклучува дека „животот ќе продолжи како и претходно - па дури и поубаво“. И јас дојдив до истиот одговор кога го истражував истото прашање за текст кој беше објавен три години подоцна. „Не постои синџир на исхрана за кој знаеме дека комарците се неизбежна врска во тој круцијален процес“, ми рече еден експерт за контрола на комарците.

Се разбира, во минатото целосно уништивме многу животински видови, со нашата безобѕирност кон светот на природата. Трагично е што повеќе ги немаме гулабите пешаци, или тасманискиот тигар, или квага. Но, небото (се уште) не се срушило. Екотрагедиите треба да се мерат заедно со сета корист - а користа од комароцидот може да биде огромна. Без разлика за ненамерните последици (а секогаш има ненамерни последици), елиминацијата на комарците може да спаси милијарди човечки животи и трилиони долари, и тоа во следните неколку децении. Тоа ќе стави крај на неописливото страдање кај најсиромашните луѓе во светот.



Но тоа е најекстремното сценарио. Во секој случај, водените од гени методи функционираат само кај индивидуални видови, па ајде да замислиме дека можеме да уништиме само неколку легла на комарци - оние најнепријатните. Што ако можеме само да притиснеме копче и да уништиме нападни, смртоносни видови, како Aedes aegypti? Што е со одвратните комарци Anopheles кои ја пренесуваат маларијата и кои изгледа дека еволуирале во човечки паразити? Ако успееме да се ослободиме од овие одвратни бубалки, дали на сите нема да ни биде подобро? Никој не гризеше нокти од загриженост кога се ослободивме од детската парализа или говедска чума. Дали комарците треба да имаат посебен третман само затоа што се инсекти?

- Мислам дека малку си се оддалечил во проблемот, ми рече Брус Хеј кога му раскажав за моите размислувања за управување со комарците. „Не верувам дека луѓето ќе сакаат да го преземат тој чекор, дури и од принцип“. Ми рече дека и тој не е баш некој фан на Aedes или Anopheles. „Но може да се прекине кругот на инфекции преку логични мерки во јавното здравство“.

По ѓаволите. Му ја кажав истата идеја и на Лук Алфи, основачот на Окситек. „Прилично силно сум наклонет кон екологијата за лесно да ја прифатам идејата за целосна елиминација на некој животински вид“, ми рече тој. Покрај тоа, овие методи со двигатели на гени се се уште многу далеку од реализација. „Тоа се само лабораториски модели“. Но што ако тргнеме против само еден вид, како Anopheles, кои навлегуваат во човековиот организам и живеат само за да ја шират болеста? „Тоа не би било нелогично да се земе предвид“, рече конечно, откако веќе нападно почнав да го убедувам. Сега се што ни е потребно е да преведеме дека не=нелогичното размислување во акција за уништување на комарците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...