БРОНХИТИС, ВОСПАЛЕНИЕ, АСТМА...

Кои болести ги крие кашлицата?

Многу личности не се спремни веднаш да се обратат на лекар и често ги игнорираат симптомите на сериозни болести. Кашлањето е еден од тие симптоми, а неговото траење (краткотрајно, долготрајно или хронично) може да открие за какви проблеми всушност се работи.



Обична настинка или грип (1 до 2 недели)

Класичната, продуктивна и влажна кашлица пропратена со течење од носот, воспаление на грлото, главоболка, кивање и температура, најчесто е последица на настинка или грип.

Бронхитис (неколку недели)

Кратката кашлица која тешко се смирува е еден од знаците на бронхитис. Започнува благо па често немате чувство дека е во прашање потешка болест како што е оваа, туку сметате дека се работи за обична настинка. Сепак, по некое време се развива во тешка и болна кашлица со искашлување на слуз во различни бои (од светло кафена до жолта). Задолжително посетете доктор за да воспостави дали се работи за бронхит предизвикан од бактериска инфекција бидејќи во тој случај ќе треба да се лекувате со антибиотици.

Воспаление на белите дробови (месец дена)

Кога нашите бели дробови се инфицираат поради вирус, бактерија или габа, се јавува силна кашлица специфична поради тоа што е пропратена со отежнато дишење т.н. краток здив. Ако со тоа искашлувате и безбоен слуз, се чувствувате многу уморно и имате мала температура, голема е веројатноста дека сте добиле воспаление на белите дробови.

Астма (хронично кашлање)



Кај астмата се запушуваат дишните патишта па личноста тешко дише, чувствува стегање во градите и има сува кашлица. Белите дробови имаат подобар протек на воздуг низ денот и касно попладне, па до ова кашлање доаѓа наутро, навечер или преку ноќ.

Гастроезофагеален рефлукс (хронично кашлање)

Киселините кои од нашиот желудник одат во хранопроводот може да предизвикаат сува кашлица. Тоа често се случува по обемен оброк или пак кога ќе прилегнете бидејќи тогаш киселините слободно патуваат. Ако и кај себе почувствувате поврзаност на желудните проблеми со кашлица, обратете се кај лекар, бидејќи можеби имате проблеми со рефлуксот и внимавајте на храната која ја јадење пред спиење.

Болест на тироидната жлезда (хронично кашлање)

Постојано кашлате суво, а не знаете од каде потекнува, затоа што ги направивте сите стандардни прегледи? Проверете ја состојбата на вашата тироидна жлезда бидејќи кашлицата е една од најчестите симптоми на проблеми поврзани со оваа жлезда, особено ако имате чувство на стегање или гушење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...